Во Името на отецот и Синот и Светиот Дух
Господ Исус Христос, Бог Словото, заради нас луѓето се воплоти и
стана човек, потоа се крсти од Јована во Јордан и сакаше да ни ги
отвори небесата и да ни ја отвори можността повторно да се вратиме
онаму каде што човечкото достоинство припаѓаше, а тоа е во рајот
со Господа. Во вечната заедница со блажениот и свет Бог. Затоа и
Господ слезе на земјата за да ја проповеда својата спасителна наука.
Заради тоа Господ од Назарет премина во пределите Завилонски и
Нефталимски кај што владела темнината на незнабожтвото, за да
го потврди она што е напишано во Светото Писмо и поверуваат во
Него: “Земјата Завулонова и замјата Нафталимова, по пат кон
морето, отаде Јордан, е назнабожечка Галилеја. “Народот, што
седеше во мрак, виде голема светлина и она оние, што седеа во
место на сенка смртна, им изгреа светлина”.








































![prep__serafim_sarovski_2[1]](http://www.stprohor.org.au/wp-content/uploads/2012/01/prep__serafim_sarovski_21.jpg)


