Денес почнува постот, нека ни е благословен и лесен. Овој пост е посветен за подготовка и во чест и спомен на воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Христос воскресна од мртвите и со Неговата смрт ја уништи смртта, а со Него и сите нас, кои веруваме и одиме по Него, да наследиме воскресение и живот вечен. Оваа зададеност Бог му ја дал на човекот уште во рајот за што требал да исполни само една заповед да се воздржува, т.е. да пости. Ако постот му бил потребен на човекот во рајот за да дојде до целта тогаш уште повеќе во ова земја на оттугеност и боготстапништво.

Целта на овоземниот живот е преобразување на паднатиот човек во нас и воздигнување на обновениот и стекнувањето на благодатта на Светиот Дух. Тоа се постигнува со доброволно распнување на стариот и огревовен човек со врздржување и бдеење над своето срце и негово чистење и ослободување од старстите во него кои не заробуваат и не прават робови на ѓаволот и осуденици на смртта.

Постот е едно од тие срества кои најдиректно помагаат во тој подвиг, најпрво на нивно неутрализирање, а потоа и победа над нив и ослободување. Меѓутоа, постот сватен, не само како воздржување од одреден вид на храна во предходно определени денови од годината туку сефкупниот наш христијански живот и начин на постоење во непрестано бдеење и контрола над себе се до моментот на очистувањето на срцето од страстите и стекнувањето на благодатта на Светиот Дух во нас. Со постот ние се трудиме нашиот ум да го приковаме кон Господ, и во се’ што правиме, да имаме Божја благодат во нас и од неа да не отстапиме, а понатаму Самиот Свет Дух ќе не учи како таа благодата да ја запазиме во нас и дојдеме до нашата зададеност, како што спомнавме во почетокот.

Вистинскиот пост во себе ги содржи и сите добродетели: покајнието, смирението, милосрдието, телесниот подвиг итн, а пред се молитвата. Постот без молитвата и останатите добродетели е само една обична физичка дисциплина, диета па дури и суета и прелест. Постот е добродетел на Црквата па според тоа има и соборни димензии. Односно ние постиме и се подвизуваме не само за себе туку и за сите други. Постот и молитвата се голем дар Божји без кои нема обожение и спасение. Тие се наше благодарно учество во Крстот Христов, па и затоа и во Неговото воскресение. Затоа да го возљубиме постот и да се воружиме против нашиот непријател.

Постот е и љубовно послушание кон Црквата за да не ја нарушиме соборноста на Црквата и Нејзиното устројство. Постот е многу суштествен дел, важен во нашата Црква. Светата Православна Црква уште од апостолските времиња, по примерот на Господ Исус Христос, го востановила постот, го определила времето на постот и која храна да ја јадат христијаните за време на постот.

Пред се, Православната Црква утврила и пропишала за време на постот да не се јаде: месо, маст, сирење, масло, јајца, млеко, а понекогаш и риба, според важноста на постот.
Во поглед на времето и бројот на постите, светата Црква утврдила да се пости во среда, петок и во четирите годишни пости: Велигденскиот (Големиот) или Четириесетницата, Петровденскиот, Богородичниот и Божикниот пост. Овие пости се востановени уште од апостолските времиња. Не зборувајќи за среда и петок, Православната Црква го пропишала, покрај Велигденскиот пост, уште и Божикниот пост, Апостолскиот – Петровденски пост и Успенскиот – Богородичен пост, потоа, денот пред Богојавление, денот на отсекувањето на главата на светиот Јован Крстител и празникот Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден.

Во поглед на постењето во среда и петок, покрај она што е кажано во 66-тото апостолско правило, на ова место го изнесуваме и она што го кажал блажениот Петар Александриски во своето 15-то правило: “Никој да не не обвинува што ги држиме среда и петок, денови во коишто ни е заповедано да постиме; во среда поради заговорот што го направил Јуда за предавството на Господа, а во петок поради тоа што Он за нас пострада. Неделата ја поминуваме како ден на радост зашто во тој ден Христос воскреснал”.

Затоа треба да се види 218-тото правило од Номоканонот, каде што свети Атанасиј Велики говори: “Тој што самоволно се разрешува од пост во среда и петок, Го распнува Господа Исуса Христа исто како Јудеите, оти во среда се состанаа да Го убијат, а во петок Го распнаа”.

Затоа, ако некој се разреши од пост без причина, тоа не е разрешување, туку распнување на Господа. Разрешување е само она што Црквата го разрешила и кое го советуваат светите Отци. Чувајте се од самоволно разрешување на постот и не слушајте ги оние што ве учат да не постите.

Овој пост се пости строго без масло од понеделник до петок, освен сабота и недела кога се пости со масло. Масло се допушта во деновите кога ќе се падне голем празник, а тоа се: пронаѓањето на главата на св.Јован Крстител, св. 40 Севастијски маченици (младенци), собор на св.арх.Гаврил и св.мч. Агатангел Битолски. Заради утешение и поткрепа на оние кои присуствуваат на долготрајните и тешки богослуженија светите отци допуштаат да се јаде масло и на денот кога ќе се чита големиот канон на св. Андреј Критски и пред Акатисната сабота. Масло се допушта и на преполовение на постот и на велики Четврток заради Тајната вечера. Два дена во текот на овој пост се јаде риба – Благовештение и Цветници и тоа во зависност кога ќе се паднат. Најчесто монасите а и оние поревносните христијани во светот првите денови држат тримир. Тоа е тридневен тотален пост во нејадење и непиење ништо и во средата на Литургијата на предходно осветените дарови се причестуваат со Телото и Крвта Христови. Првото нешто кое по три дена ке го вкусат е самиот Христос.

Ова е правилото на постот, но постои едно и традиционално правило кое во свое време и прилики во нешто оправдано, а во нешто неоправдано, толку длабоко има влезено меѓу нашиот народ што дури и го затскрива правилниот пост. Според него, се пости само првата и последната недела без масло (дури и се прекршува правилото за непостење во саботите и неделите), а потоа се пости со мало, а некои и пак воопшто не постат во тој период и неисповедани се причестуваат. Треба да се внимава, во дадени прилики и така е добро,но ако сакаме да бидеме вистински христијани и веќе го знаеме вистинското правило треба да се потрудиме и да го исполниме.

Секој пост си има своја тежина и своја суштина. светите отци решиле дека тој ќе трае 40 дена како што Господ постел, и уште една недела, како тажна седмица, од влегувањето на Христос во Ерусалим, се до Воскресение, а после Воскресението се веселиме и пиеме затоа што Младоженецот е со нас. После Велигден е светлата недела и има канон дека таа недела не треба да постиме и секој ден треба да одиме на црква и да се насладуваме со Божјите тајни. Тоа е закон кој мора да сепочитува.

Треба да нагласиме дека ова е општо правило на Црквата , а на секој му се одредува неговото лично правило со согласност и благослов на духовниот Отец.

“Од постот исклучи ги најнапред болните, оти ако им се допушта риба и масло, го заслужиле тоа”. Но никому, дури и на смртниот час не му се допушта да јаде месо во среда и во петок, освен на Велигден и во другите денови кога тоа го дозволила Црквата. Исклучи ја средата и петокот кои поаѓаат по месопусната, сиропусната и Воскресната недела.

Во 69-тото апостолско правило се пропишува следното: “Ако некој епископ, свештеник или ѓакон, или ипоѓакон, или чтец, или псалт, не пости во светата Четириесетница пред Пасха или во среда или петок, освен ако не е спречен од телесна немоќ, нека биде расчинет, а ако е мирјанин (граѓанско лице) да се отстрани од Црквата”. Гледаш ли како е тоа строго сфатено и одредено? Но, светите Отци го толкуваат ова апостолско правило и, за да не мислиме погрешно, ни дале правилно објаснување, па велат вака:
“Од постот исклучи ги најнапред болните, оти ако им се допушта риба и масло, го заслужиле тоа”. Но никому, дури и на смртниот час не му се допушта да јаде месо во среда и во петок, освен на Велигден и во другите денови кога тоа го дозволила Црквата. Исклучи ја средата и петокот кои поаѓаат поеп месопусната, сиропусната и Воскресната недела…Воскресната седмица се смета како голем Господов ден и затоа секој ден во таа седмица се читаат воскресни евангелски четива. Исто така, се исклучуваат од Велигденскиот пост сабота и недела оти во тие денови се разрешува според 66-тото апостолско правило кое гласи: “Ако некој служител на Црквата се затекне да пости во Господовиот ден (недела) или во сабота (освен во едната единствена Велика сабота), да биде расчинет, а ако е мирјанин, нека се отстрани од Црквата”. Зошто е ова правило? Еретиците гностици и маркионитите постеле во недела и тоа на таков начин што не јаделе ништо или пак, јаделе само сува храна и тоа еднаш навечер. Ова го забранува Православната Црква. Но, пак не се допушта во постите да се јаде во недела и во сабота месо, туку се ублажува со риба и масло. А кога ќе слушнеш за разрешување во пост, да не мислиш дека е допуштено да се јаде месо во Велигденскиот пост оти тоа не може да му биде допуштено никому, макар да се наоѓа и пред последното воздивнување.

Од светите Отци ќе го споменеме дополнувањето на Валсамоновото толкување од свети Тимотеј Александриски кој во своето 8-мо и 10-то правило зборува вака:
“На жена која ќе роди пред Пасха, треба да и се допушти масло и вино” (8-мо правило). На прашањето: “Ако некој болен сосема падне во немоќ, а се приближува денот на Воскресението, дали мора да пости, или свештеникот, поради болеста, дали ќе му допушти да јаде масло и вино колку што може?”, следува одговорот: “Треба да му се допушти на болниот да употребува масло и вино колку што може да поднесе, оти кој сосема изнемоштел, правилно е да употребува масло” (10-то правило). Еве како и колку се разрешува во Велигденскиот пост кој најстрого се постел во првото време на христијанството.

Никој да не мисли дека може самоволно да се разрешува од пост по своја волја, како што има многу случаи кај свештениците и монасите, сами да се разрешуваат од постот, па и мирјаните ги наговараат со зборовите: “Јади кога јас сум разрешил” или, пак, мирјаните сами без причина да се разрешуваат од пост. За оние кои јадат месо и сирење во Велигденскиот пост, во среда и петок, 132-то правило од Номоканонот заповеда: “Две години да не се причестува, па макар кој и да бил”. Оној, кој не ги постел Петровденскиот, Богородичниот и Божикниот пост, 228-то правило од Номоканонот вели дека во црква не се примаат дури ни нивните деца, ако и тие не постат.

Тоа така го востановила Православната Црква во чест на празниците кои се прославуваат. Оној кој може и сака и во овие денови нека пости, но не осудувајќи ги оние кои вака ублажено постат.

Тоа што го одредила Црквата е царски и духовен пат кој води во вечен живот. Оние кои сакаат да постат нека внимаваат да не се натоварат со поголемо бреме од она што Црквата го наредила, оти, ако паднат, нема кој да ги поткрене. Оние кои никако не постат, нека почнат да постат, ако мислат да се спасат и душата да им влезе во Царството небесно. Но, тие не можат веднаш да го земат целото правило, туку најнапред нека постат во среда и петок во првата и последната недела од постот, а потоа, со текот на времето, ќе се трудат, а Господ ќе им помогне да го примат целосното правило, па така по некое време и тие ќе постат уредно.

Во тој духовен напор лошите духови ќе станат силни и ќе те советуваат во разумот или преку ближните, сакајќи да ти наштетат, велејќи ти: “Сакаш да ослабиш, не можеш да издржиш, болен ти е стомакот, лекарот ти препорача добра храна”, а се со цел да ти ја убијат желбата. Но, ти, малку по малку, со молитва ќе го отстраниш лошиот дух и постот ќе ти стане лесен. Освен тоа, почетникот, најнапред, може да остави во посните дни да не јаде месо и маст, а да јаде сирење и јајца, па со текот на времето ќе мине на целосен пост.