Гордоста, таа суптилна страст уште од малечки навлегува во нашето срце и со својата итрост го обвиткува и заслепува умот. Невнимавајки на неа, таа полека завладува со нас и се поставува како еден филтер, преку коj се во животот мериме и гледаме. Полека, таа постанува наша втора природа, нашето Јас, а ние окупирани со тоа Јас. Јас постанува нашата главна преокупација и ние постојано го храниме.  Со тоа, пак, ја поттиснуваме ја љубвта кон ближните и кон Бог и забораваме на нив. Важни сме само ние, ние можеме и создаваме и се само ние. Не признаваме никаква друга сила, како ние самите се со свои сили да правиме, а за секој наш неуспех и грешка, секогаш ја препишуваме и обвинуваме другиот.

Така „силни“, преку целиот наш живот сме го заборавиле Бог и сме го отфлиле како непотребен мислејки си: „ Сега не ми требаш Боже. Можам сам. Да „проживеам“ јас по свое па кога ќе ми требаш ќе те викнам и така од утре за утре и до момент кога во нашиот живот ќе се појави криза, кој во всуштина е и пак Божја милост. Tогаш го бараме Бога и пак не да го бараме да ни прости што блудно сме го потрошиле нашиот живот, туку повторно не сметајки се никогаш за виновни, го обвинуваме Него затоа што сега веке нема кој друг…

Има и друга крајност, во која живејки неправилно во името на Бога ние повторно го храниме своето Јас и го отфрламе Бог. Кога Бог ќе ја пројави Својата милост за наше исправување и спасение, повторно заради својата гордост, сметајки се себе за достојни и незаслужни за ситуацијата („бидејки сме му служиле и угодувале сиот наш живот“), го обвинуваме Него, како ние демек сме праведните, а тој непаведениот…

Е неможе така! Бог е вистина и тоа непромелива вистина. Исус Христос е ист вчера, денес и утре и Неговите заповеди и Евангелски повеленија се исти во секое време, на секое место и за сите. Така да, ако живееме според нив, ние и ќе го Имаме Бога во себе, и постојано ќе ја чуствуваме таа радост, заради Љубениот, и ќе имаме мир во нас и околу нас и за се ќе благодариме на Бога. Ако не живееме богоугодно, тогаш се ќе е обратно од тоа.

Тоа е патот, поинаку колку и да се обидуваме да импровизираме ќе дојдеме само до едно, „богооставеност“. Но не дека Тој нас не оставил, туку дека ние сме го оставиле Него. Кога ќе ни се случува такво нешто, тогаш треба и да се запрашаме: „Каде сум згрешил?“ А не да обвинуваме некој друг, Бог да чува, и самиот Него. Бог е насекаде околу нас и се грижи за нас, за тоа треба да имаме очи за да го видеме. Нашите очи можеме да ги отвориме единствено преку смирението, љубовта, покајанието, причестувањето…и секоја Христијанска добродетел. Бог да не вразумува сите нас.