1. Отец Гаврил, каква е разликата да се биде монах во манастир на австралиска поцва, наспроти да се биде монах во манастир на македонска поцва?
Разликата е огромна. Најпрво да појдеме од фактот дека Медонија е библиска земја која Христијанството го има уште од самиот негов почеток. Првоврховниот св.ап.Павле бил првиот проповедник во Македонија, и не само св.ап. Павле туку и многу од другите Христови Апостоли мисионериле по нашата Македонија. На пример, Првоповиканиот св. ап. Андреј бил првиот организатор на македонската Црква кој поставил неколку апостоли за епископи по македонските градови. А да не ја заборавиме и Пресветата Владичица Богородица, Мајката Божја, која со своја нога стапнала во Македонија и ја благословила. И од тогаш па се до денес во Македонија има непрекинато православно христијанско предание.
<!– /* Font Definitions */ @font-face {font-family:Cambria; panose-1:2 4 5 3 5 4 6 3 2 4; mso-font-charset:0; mso-generic-font-family:auto; mso-font-pitch:variable; mso-font-signature:3 0 0 0 1 0;} /* Style Definitions */ p.MsoNormal, li.MsoNormal, div.MsoNormal {mso-style-parent:”"; margin-top:0cm; margin-right:0cm; margin-bottom:10.0pt; margin-left:0cm; mso-pagination:widow-orphan; font-size:12.0pt; font-family:”Times New Roman”; mso-ascii-font-family:Cambria; mso-ascii-theme-font:minor-latin; mso-fareast-font-family:Cambria; mso-fareast-theme-font:minor-latin; mso-hansi-font-family:Cambria; mso-hansi-theme-font:minor-latin; mso-bidi-font-family:”Times New Roman”; mso-bidi-theme-font:minor-bidi; mso-ansi-language:EN-AU;} @page Section1 {size:595.0pt 842.0pt; margin:72.0pt 90.0pt 72.0pt 90.0pt; mso-header-margin:35.4pt; mso-footer-margin:35.4pt; mso-paper-source:0;} div.Section1 {page:Section1;} –>

А овде се е ново и испомешано. Во Австралиај нема такво предание, па според тоа и духовниот и уште повеќе монашкиот живот е многу потежок. Жртвата е голема, но ако е поттикната од љубов и послушание, тогаш и благодатта Божја е поголема. Само треба за се` да му се благодари на Бога и со љубов ја исполнуваме Неговата света волја.

Од друга пак страна ситуацијата е и многу слична. Во Македонија, заради атеистичкиот режим кој владееше во нашата земја, монаштвото беше на маргините. Но по повикот на САС на МПЦ, а најмногу од сите на Митроплоитот Петар, кој е и наш Митрополит, Владиката Наум, заедно со Климент, дојдоа од Света Гора за да се возобнови монашкиот живот во Републиката. Денес во МПЦ-Охридка Архиепископија има околу сто пеесетина монаси во над 20 заживеани манастири. Еве и сега, по барање на Митрополитот Петар, Владиката Наум ме испрати мене да го организирам монашкиот живот во овие простори. Нивното искуство ми е многу добродојдено.

2.  Ве молсм, за читателите на весникот, раскажете ни ја богатата духовна содржина на вашиот ден

Условите за типичен монашки живот во нашата Епархија сеуште не се докрај исполнети. Но во многу од порано, работите се тргнати нанапред. Полека во манастирот се создава една здрава литургиска духовна атмосфера. Со благослов на нашиот Владика почна да се исполнува оној монашки типик, кој јас го имав од нашите манастири во Македонија. Се станува рано наутро на синаксис и исполнување на ќелиното молитвено правило со Исисовата молитва: Господи Исусе Христе, помилуј ме! И понатаму од денот, во зависност од условите, со останатиот дел од типикот, со секојдневи утрени и вечерни служби и Литургијата како центар духовниот живот во Христос која секој ден освен во Вторник, кога е затворен манастирот заради потребниот одмор, се служи. Потоа ја проверувам електронската пошта, ги организирам работите и активностите во манастирот, на физички и духовен план. Пишувам текстови за нашиот Црковен весник 8 ми Ден, и ја одржувам веб страницата на манастирот, во кои можете да го следите целовкупниот духовен живот во манатирот и каде можат да се прочитат и многу убави поучни нешта. Исто така сега е и во изградба и веб страницата на нашата Епархија за Австралија и Нов Зеланд.

Бидејки манастирот и духовниот живот овде е уште во надоградба понекогаш и морам да излегувам по работа од манатирот, но се трудам секогаш да ја имам молитвата на усните и Господа од мојата десна страна (сп. Д.А 2.27) и како што вели Великиот Антониј, учителот на монасите: Каде и д одиш, секогаш имај го Бога пред своите очи и што и да правиш, секогаш имај потврда за тоа во Светото Писмо. Во се едно до секојдневниот живот ние можеме да извлечеме духовна полза за наше духовно надградување и спасение.

Покрај редовните актовност и обврски, според своите сили и можности и секако со благослов на Неговото ВисокоПреосвештенство г.Петар се заложив да се организира и активира младинската група на Епархијата МОЈА, со која секој Четврток од 20.00 одржуваме синаксиси (душеполезни разговори) . Исто така се организира и црковен хор кој пее според старото македонско црковно пеење, а од последно време одржуваме и часови по визнтискиот иконопис според позната македонска школа.

3. Какви доградувања му претсојат на манастирот во Донибрук оваа година?

За овие 4 години откако сум дојден овде, мислам дека манастирот (севкупното манстирско место со сите градби) е доста напреднат. Сето тоа, пред се, се остварува со доброволна работа и донации. Оваа можност ја користам јавно да и се заблагодарам на сите кои на свој начин помагаат во изградбата на мастирот, со физичка работа, донации, совет, па и секој оној кој кажал барем една молитва или добра мисла.

Што се однесува до изградбата на манстирската црква, таа е дојдена до фаза на издраба на двете куполи. Останува уште да се обложи со надворешен камен ѕид и тула, да се постави инсталацијата, да се измачка одвнатре и кровот. Потоа овде се и енетриерот во неа: иконостасот кој ќе е мермерен и ќе се изработува во МК. Плановите се дадени кај Владиката и тој е веќе дониран. Потоа надворешните врати, мермерниот под, транзените (прозорите), фреските и иконите…

Да напомениме и дека градбата не е лесна. Архитектонскиот план е изработена во Македонија, според тамошната архитектура која овде малкумина знаат да ја читаат и извршуваат. Фала му на Бога, и на св. Прохор, сепак се наоѓаат луѓе за тоа. Досега на пример е употребено 20 тони железо кое исто така е донација дел од наш макдонец, а повеќето од еден руски бизнисмен. Гледате дека доста е направено, но има уште доста да се прави. Потоа да не ги заборавиме и манастирските конаци, работилницата…

Овде можам да кажам дека секој кој сака може и да донира за манастирот. Жиро сметката ја има на нашата веб страница или пак лично во манастирот и секој за тоа ќе добие сметкопотврда. Манастиркиот број на сметката е:

Account Name: MOCDANZ – DONNYBROOK

BSB: 063590 Account No: 10270136


4. Дали сте задоволни од посетеноста на манастирот од нашите православни верници?

Генерално сум задоволен, но и не сум. Сум задоволен затоа што, како што веќе реков, веќе полека се организира правилен светотаински литургиски духовен живот со пост, молитва, исповед, причест… На неделните и празничните Литургии, да не грешам во мојата проценка, доаѓаат од 50-70 верници од кои повеќето се млади брачни парови. Тоа ме радува затоа што тука има и иднина. Но ќе кажам и дека не сум задоволен, затоа што повеќето од нашите знаат да го посетуваат манастирското место само за големите пикници, а има и многумина кои никогаш не дошле.

Манастирот е тивко место за молитвена заедница со Бога каде можеме во мир и тишина да се помолиме на Бога и да побараме од него помош и олеснување од сите наши секојдневни грижи и проблеми кои ни ги носат пеколно брзото темпо на живеење и престижот за капитал. Тие можности на манастирот, за жал, малкумина ги користат. Секојдневните гужви ги имаме насекаде, но вакви тивки места, кое директно Господ ни го даде, ги немаме. Затоа да го искористиме. Овде има и играчки за децата каде можат нашите да си ги донесат и тие безбедно си играат итн.

5. На кој начин остварувате духовни и други контакти со монаштвото од Република Македонија?

Преку современите технички достигнувања денес се е овозможено. Со оние манастири кои имаат вградено интернет, комуницираме преку него, а со останатите преку смс пораки. Во почетокот кога дојдов тие комуникации ми беа попотребни, а сега откако се зафативме со градбата на манастирот и духовното раководство меѓу нашите овде, се помалку ми останува време за било каква конкретна комуникација. Меѓутоа најглавна наша комуникација е преку молитвата и љубовта во Светиот Дух во Црквата. Црквата не е храмот, Црквата не се активностите во Неа. Црквата е соборното тело на верниот народ собрано преку Светиот Дух во Христос, Кој што е изобразен преку епископот. Црквата е едно соборно тело, жив организам. Црквата е Телото Христово.

6. Се предвидува ли во блиска иднина зголемување на бројот на нашите монаси во Австралија?

Секако дека се предвидува, затоа и го градиме манастирот, нели? Манастирот е пред се место каде живеат и работат монаси, кои по своја сопствена волја го напуштат светот и сите „задоволства“ кои тој им ги нуди и со сиот свој живот му се предаваат на Бога. Тоа е живот перфектен, рамноангелски. Бидејки тој подвиг е израз на сопствената волја, затоа и зголемувањето на бројот на монасите, како што велите вие, е непредвидлив. Секој кој сака да го земе Крстот Христов и да тргне по Него е добродојден. Господ рекол: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам; земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно“.

7. Колку успевате да го следите верскиот живот во татковината?

Како што веќе реков, интернетот ни го овозможува тоа. Редовно ја читам официјалната веб страница на нашата Црква www.mpc.org.mk , и уште една друга многу убава наша веб страница www.preminportal.com.mk каде се приложуваат и прекрасни и многу поучни текстови. Честопати на неа може да се прочита вест или текст и од нашата веб страница кои секогаш се многу добро прифатени од публиката. Потоа ја користам и фејсбок мрежата како најдостапна средина за контакт со црквата и младината и многу поретко се информирам од дневните електронски весници.

Минатата година со благослов на дедото Петар, за прв пат си бев и во татковината. Иако не планирав , сакав само да се одморам и повторно да го почуствувам манастирскиот живот кој го оставив таму, но заради желбата на сите да се видиме „морав“ да ја прошетав скоро цела Македонија. Бев пријатно изненаден од големиот напредок на Црквата во Македонија, а посебно манастирите. Радосен сум дека тоа се случува и е реалност, зашто секогаш пред очи ми излегува сликата на моите први монашки денови во Водоча, каде немавме скоро никакви услови за непречен монашки живот. Потоа се сеќавам и на сите несакани случки и сцени поврзани од неразбирање кон монаштвото итн, но ете денес со нашите манатири повторно можеме да се покажеме пред светот и да покажеме дека Бог живее во нашата Црква. Сето тоа ме стимулира и охфрабрува кога ќе си помислам и за тука во Австралија. Ова што го правиме сега, не го правиме за себе, туку за идните генерации. Искрено му благодарам на мојот надлежен Владика Петар кој со своите молитви и богомудри поуки секогаш е со мене и ме поткрепува во моментите кога заради тешкоитиите и искушенијата со кои се среќавам во тој пат на основање на македонско монаштво во нашата Епархија, понекогаш и ќе почуствувам мачнина и тешкотија.

Господ е Голем. Фала му на Господа за се!