Следи го линкот: Св. новмч. Андреј Грузиски и Абхазиски

Прашање: О. Андреј, селото Комана е најголемото жариште на оваа битка. Во ова село се наоѓа гробот на Св. Јован Златоуст… (останатото е наразбирливо)

О. Андреј: Знаете, не чувствувам страв. Некако не го чувствувам. Ова отсуство на страв е дар од Бога. Не се плашам сега, кога е раката Господова на мене. Во црква сум и што друго може да се каже? Веќе не се слуша пукањето. Престанаа да пукаат, иако пред некој ден слушнав некој истрел. Некако е тоа Божјата благодат и не се плашам.

Прашање: Дали луѓето доаѓаат в црква? Сите војници овде се жители на селово. Освен нив, има и млади луѓе од различни краеви на Грузија. Тие доаѓаат ли?

О. Андреј: Да, доаѓаат војниците – добро, оние кои се близу до животот во Црквата. Некои не се. Сепак, религиозните доаѓаат в црква со отворено срце.

Прашање: Наоѓаат ли утеха овде?

О. Андреј: Па, правам што можам. Зборувам со нив и се обидувам колку што можам да објаснам за Него Кој Е… Да, војниците доаѓаат, но овде сега нема цивили, само еден или двајца мажи…од нив?

О. Андреј: Само оние кои ја поправија црквава – тие доаѓаат, како и двајца-тројца други…

Прашање: О. Андреј, кое е вашето гледиште за Грузиско-Абхазискиот конфликт. Како тој може да се реши?

О. Андреј: Секако ќе одговорам како свештеник.

Сите ние знаеме дека е тој (конфликтот) предизвикан заради нашето оддалечување од Бога; потоа, исто така, тој е последица од нашиот однос кон Русија. Да се елиминира е невозможно, но за Господ сè е можно. По Неговата волја сè може да се случи. Црквата чува пророштво дека нашата грузиска Црква ќе зајакне во споследните времиња. И всушност, ова се последните времиња. Можеме да речеме дека е близу крајот, оти сè што ни беше предадено преку Црковното Предание како знаци за блискиот крај се исполнува. Исто така, знаеме од Светите Отци, од нашите предци, дека во овие времиња нашето служење на Бога и полнотата на животот во нашиот Господ нема да завршат овде во Абхазија и во ова село, додека во светот ќе бидат загубени. Но ова нема да се случи ако нема мир во земјата. Се надеваме дека мирот ќе дојде по Господовата волја. Ако сакате да знаете што може да се стори од човечка гледна точка, сигурен сум дека навистина не знам… дури не сум ни размислувал за тоа, оти не е на мене да решавам.

Прашање: Сепак што може да се стори?

О. Андреј: Од човечка гледна точка многу е тешко тоа да се реши. Не знам што треба да се преземе овде. Ова време сега ни е пратено за сите да нè излекува и сè добро ќе заврши, но нема скоро да дојде. Имам надеж единствено во Господ и Неговата волја; вистински зависам од неговата волја.