1. Ваше Високопреподобие, о. Гаврил, на 26 јануари 2006 година, заед-но со Неговата Високопреосветеност, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски, г. Петар, пристигнавте во Австралија како клирик на Македонската Православна Епархија за Австралија и Нов Зеланд. Кажете ни нешто за Вас… Да почнеме од Ва-шето родно место.

- Роден сум во Штип. Гимназија, со насока информатика, завршив во Штип. Потоа, во 1992 година, се запишав на Теолошкиот факултет во Скопје, кој подоцна го завршив. За време на моето студирање се запознав со мојот духовен отец, Владиката Наум, кој како светогорски монах во тие години на помасовно духовно будење (претежно кај младите луѓе) во Македонија ни беше образец за монаштвото. Често ги посетував неговите манастири и се учев за суштината на монаштвото, за монашкиот начин на живеење во тихување, за непрестајната Исусова молитва. И ете, сега сум во манастир… за што сум му многу благодарен на мојот во Христа старец. Затоа што ми ги отвори вистинските врати и ме поведе по вистинскиот пат на спа-сението, кон Самиот Бог и Спасител наш Исус Христос. Како што стои во светото Евангелие, Тој е “Патот, Вистината и животот” и “кој верува во Него нема да види смрт, туку ќе има живот вечен” (Јован 11, 25).

Посебно сум му благодарен и на Неговата Високопреосветеност, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, кој како архиереј на оваа епархија од нашата Црква ме избра токму мене за овој не мал подвиг, кој сум недостоен да го носам – на возобновување на духовниот и на монашкиот живот меѓу нашите иселеници во овој дел од светот.

2. Што Ве мотивираше да се замонашите?

- Секогаш сум се трудел и сум сакал на она што го правам целосно да му се посветам. Но, претходно, со што и да се зафатев во еден момент се соочував со некакво разочарување … Наместо слобода и задоволство од патот којшто овде или онде го избирав за своето изградување како личност и восовршување, наоѓав извесна недоволност, заробување и недостаток во прифатената цел. С¢ додека вистински не поверував во Бога и не решив целосно да Му се предадам. (Монахот ништо не може да го спречи да чекори по тесниот пат на христијанско восовршување, само ако со неизменливо силна волја и желба постојано Му го посветува својот живот на Бога).

И тука на почетокот барав, се испитував, анализирав… До една вечер кога бев гостин во манастирот на Свети Леонтиј во Водоча, кога мојот духовник ме повика да присуствувам на еден синаксис на отците монаси (собир на кој се разговара за духовниот живот и за молитвата). Ни зборуваше за ÄочистувањетоÄ од страстите и од гревовите и за Äотварањето на срцето за БогаÄ, за Äнепрестајната умносрдечна молитваÄ. Дотогаш имав прочитано многу книги, но тоа што го чув таа вечер никаде го немав прочитано. Тогаш сфатив дека тоа е она по што целиот свој живот копнеев и го барав, па на исповед истата вечер, со зборовите што Му ги рекол Св. апостол Петар на нашиот Господ, му кажав и јас на мојот старец: †Каде би можел јас да одам сега? Ти имаш зборови за живот вечен. (Јован 6, 68).

3. Раскажете ни подетално како поминува еден монашки ден во манастирот за да можат нашите верници поблиску да се запознаат со мо-нашкиот живот.

- Монашкиот живот надворешно гледано е едноличен и здодевен, но суштината на тој живот е внатрешна и скриена од окото на световниот чо-век. Секој манастир си има свој типик (правило на заедничкото богоцен-трично живеење), иако во основа типиците на општежителните манастири многу не се разликуваат.

Ние го прифативме аскетско-исихастичкиот типик на повеќето свето-горски манастири. Според него се станува рано наутро и се собираме на си-наксис, каде старецот (духовниот отец) кажува поуки за молитвата, а потоа се повлекуваме секој во својата келија (соба) во мир и тишина на бројаница да ја кажуваме кратката Исусова молитва ÄГосподи Исусе Христе, Сине Бо-жји, помилуј ме, грешниот (грешната)Ä или само ÄГосподи Исусе Христе, по-милуј меÄ. По тоа неколкучасовно кажување на молитвата се собираме на ли-тургија во црква – Божествена Литургија служиме секој ден – и се причесту-ваме со Светите Тајни. Потоа мал одмор, па трпеза, и по неа се зафаќаме со своите секојдневни манастирски послушанија. Во текот на денот повторно се повлекуваме во келија (во зависност кому кога времето и должностите на послушанието му овозможуваат) заради исполнување на личното молитвено правило, но и за да освоиме уште малку време да Му се помолиме на Бога во осаменост. Попладне се собираме во црква на Вечерна богослужба, по неа имаме втора трпеза, малку одмор, а рано навечер повторно во црква на т. н. Мало повечерие го читаме акатистот кон Пресвета Богородица што му е по-светен на светото Благовештение. По ова денот завршува и секој си оди во својата келија за да продолжи со молитвата и да се одмори.

Гледате, навидум монашкиот живот е можеби здодевен, но сржта на тој живот е внатре во срцето, каде што има толку неосвоени простори, ши-рочини и длабочини, за чие освојување (преобразување кон Христос и кон безусловна љубов за нашиот ближен) и дваесет и четирите часа во денот на монахот му се малку.

Заради општиот човеков пад нашето срце е заробено од страстите и затворено за Бога, а нашиот ум помрачен за безграничните Божји тајни. А монахот се одделува од светот и се повлекува во манастир за да може, преку молитвен труд и послушание кон својот старец и духовен отец, да напредува во чистењето на срцето од страстите и во просветлувањето на умот со бла-годатта Божја до состојба на ÄобожениеÄ и на Äсовршен мажÄ (во мерата на растот Христов), до духовни височини на ÄсозерцаниеÄ и насладување со не-создадените Божји енергии, кои окото на световен човек не може да ги види и на ум на световен човек не може да му дојдат (1 Кор. 2, 8).

4. Вие сте прв калуѓер на Македонската Православна Црква во дија-спората. Што значи Вашето доаѓање во Австралија и какви промени очекувате во духовниот живот на верниците во дијаспората?

Монасите (калуѓерите) се плод на нечие покајание. Ако еден народ има вистинско покајание, ќе има и монаси како плод на тоа свое покајание… Што значи дека и моето доаѓање не е случајно и не е моја заслуга, туку плод на покајанието на мојот народ што е овде, во оваа далечна земја. А за тоа сведочи и срдечниот прием со кој сум дочекан, па иако сум толку далеку од мојата земја, јас по ништо не се чуствувам така, макар што секаде е земјата Господова, а ние сме жители не на земните држави и царства, туку на Цар-ството што ќе дојде, односно на Небесниот Ерусалим.

Некогаш Св. Ап. Павле во своето прво обраќање до Коринтјаните им велеше: “Јас посадив, Аполос поли, но Бог направи да израсте. Затоа, ниту оној, кој сади, е нешто, ниту, пак, оној што полива, а се е Бог, Кој прави да израсте. Кој сади И кој полива се еднакви, но секој ке ја добие својата награда според својот труд. Ние сме Му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда (1 Кор. 3, 6-9).” Така и овде, и пред моето доаѓање, некој работел на нивата Божја. Поставил длабок плуг и го посеал доброто семе. Што очекувам и самиот не знам, Господ знае. С¢ е дело Божјо, ние сме само слуги негодни.

5. Вие знаете да сликате икони?

- Да, отец Теофил (свештеномонах во манастирот на Светите четири-есет Севастиски маченици во Банско), според мене еден од најдобрите ико-нописци кај нас, па и пошироко – ми ја даде основата во цртањето. Во Маке-донија и во Македонската Православна Црква во последните години се разви едно чуство за автентичност и за враќање кон нашето предание, се возобно-вија византискиот (стариот) македонски црковен иконопис и пеење. Реков Äсе возобнови старотоÄ а не Äсе појави новотоÄ затоа што тој иконопис и тоа пеење отсекогаш постоеле и биле негувани во нашата Црква… И не само тоа туку и нашите предци биле творци на такви дела. На пример, во византис-киот иконопис еден од најубавите и најпознати стилови е токму оној на Ма-кедонската школа, предводена од незаменливиот и недостижен Емануел Панселин, кој го живописал Протатонот (соборната црква) на Света Гора. Неговите ученици Михаил и Евтихиј сликале во повеќе наши цркви и мана-стири, оставајќи зад себе ремек-дела кои и денес се сметаат како непроцен-ливо богатство во уметничкото црковно наследство. Исто е и со пеењето. Нашите патрони, светите Климент и Наум, меѓу другото биле и творци на прекрасни духовни химни. ÄАнгелогласниотÄ се нарекува св. Јован Кукузел, кој потекнува од околината на Дебар и е најпознатиот музички црковен тво-рец и пејач во сета Православна Црква. Во 19 век ги имаме епископот Јован Хармосин и архимандритот Калистрат Зографски, а и многубројни други. Денес пак, во нашите цркви се употребува т. н. ÄМокрањчево пеењеÄ или ка-ко што пишува на учебниците: Српско народно појање. Тоа пеење дошло во нашата Црква во триесеттите години од минатиот век кога македонските те-ритории потпаднале под српска јурисдикција. Тоа пеење денес и самите Срби полека го исфрлаат од црковната употреба. И тоа Го слави Бога, но сепак старото пеење и сликање го создавале свети луѓе, вдахновени од Светиот Дух, а другото луѓе со грешен и нецрковен живот.

6. И за крај, која е Вашата порака за нашите верници?

Кога дојдов во Австралија многумина ме прашаа и слушнав за стравот од блискоста на доаѓањето на антихристот. Тоа прашање го избезумува чо-века, го прави исплашен, вознемирен, и отсутен од реалноста… што е и наме-рата на нечестивиот.

Доаѓањето на антихристот е реалност и ќе се случи еден ден, а кога никој не знае, освен Отецот Небесен. Затоа не верувајте на ниедно такво пророштво, иако реалната состојба во светот покажува дека времето е мно-гу блиску. Тоа може да се случи и утре и задутре или за некоја година, но и за илјада години. Ова прашање ја вознемирувало Црквата од почетокот. Се се-ќавате дека и Св. апостол Павле им пишува за тоа на солуњаните (2 Сол. 2), па ете антихристот, и после речиси 2000 години оттогаш, с¢ уште не е дојден.

Неговото дело е да го заплашува народот Божји и да сее вознемире-ност во нашите срца, но јас ќе речам: нема од што да се плашиме и возне-мируваме. Ние да се подготвуваме како да ќе се случи тоа уште утре. Преку исповед, пост, молитва, покајание, добродетели – а како печат и полнота на сето тоа со редовно причестување со Пречистите и животворни Христови Тајни – да се потрудиме во повигот на очистување на нашето срце од стра-стите, за отварањето на срцето за Бога, и да ја актуелизираме полнотата на крштенската благодат на Светиот Дух внатре во своите срца. Да се испол-ниме со секое добро дело. Мирот и Љубовта во нашите срца да ни бидат единствениот критериум, и со тоа ќе го попречиме доаѓањето на антихрис-тот, и ќе си помогнеме и себеси и на другите околу нас.

И за крај, тоа што го наследив како предание ви го пренесувам и вам: молитвата ÄГосподи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот (греш-ната)Ä, или пократката нејзина верзија ÄГосподи Исусе Христе, помилуј меÄ повторувајте ја постојано, во секоја пригода, а особено кога ќе ви е тешко и се наоѓате во искушение.

Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отецот и заедницата на Светиот Дух да бидат со сите вас!