Се прекрстуваме.

Се поросува тепсијата со брашно и на неа се прави крст и се вели по молитвите на нашиот свет старец, Господи Исусе Христе помилуј ме. Целата подготовка треба да биде во духот на молитвата Господи Исусе Христе помилуј ме.

 Раствори 10 гр квасец vo 1 чаша вода; додај 4-5 лажички шеќер во него за тестото да е помеко и поблаго според псалмот  “Дојдете и видете колку е благ Господ”. Се додава и половина лажичка сол која ја претставува благодатта – солта на светот. Додај го квасецот во тестото треба да се меси нежно се додека не се добие хомогена маса која во внатрешноста нема дупчиња, бидејќи доколку има дупки кога ќе се испече тие стануваат поголеми и ќе има празнини така што  свештеникот не ќе може да го подготви Агнецот – средниот дел од просфората кој подоцна со силата и благодатта на Светиот Дух станува Tело Христово. При месењето треба да се попрскува со брашно на масата за да не се залепи на неа.

Се дели на 4 еднакви или пак  ако нема многу причестници може на неколку помали дела кои се месат прво во форма на топка која треба да биде добро измесена без да има дупки во неа, а потоа во форма на цилиндар со масирање по масата. Потоа Цилиндричното тесто се издига вертикално и  на средината се преполовува но не до крај формирајки две топчиња како 8ка кои се поврзани, неразделени. Потоа се притискаат со раката одозгора и се рамнат во форма на подебели палачинки положени една над друга. Топчињата не се делат бидејќи ја претставуваат Христовата Богочовечка природа. Потополн  Бог и потполн Човек во исто време, кои се слиени и неразделни. Откако ќе се направат како две палачинки една над друга  се ставаат во тепсијата и потоа се става печатот со притискање. Печатот треба добро да се притисне за да се оцрта на тестото. Откако еднаш сме го тргнале од тестото, не може повторно да го ставаме за да го отиснеме подобро. На крајот со чепкалка за заби или со игла се дупи тестото по крајчињата на отисокот од печатот. Иглата треба да го допре дното на тепсијата, за да се истисне сиот воздух од тестото во текот на печењето. Не смее да се боцка во внатрешноста од каде што се вади Агнецот, тогаш просфората е неупотреблива.

 Се пече во предходно загреана рерна на 150-180 степени околу 45 мин додека не добие крем боја како на пченка

Потоа се вади тепсијата и просфорите се завиткуваат убаво во подебела или неколку тенки крпи додека не остинат.

Има повеќе начини на правење на просфора. Сите мислиме дека нашиот начин на правење просфора е  точен, но има многу други ерусалимски, светогорски, од манастир до манасир…  Да не се фаќате здраво за готово дека вашиот начин на правање просфора е најточен оти има различни начини. Не е страшно, тоа е практичната страна поважна е догматската со неделењето на тoпчињата. Не треба просфората да се става во фрижидер со други работи оти поприма мирис.

  Просфорос значи принесувам, во првите векови имало повеќе и се давало цело лепче, како денеска што се причестуваат свештениците. Во 4 век откога веќе почнуваат во Црквата да влегуваат разни луѓе без вера или со погрешна искривена вера, па почнале тоа да го злоупотребуваат. Порано кога христијаните биле гонети тие дома си ја носеле причеста, но со тек на времето почнала да се злоупотребува за баење, гатање… и затоа подоцна е воведено причестување со лажиче, а печатите се воведени дури во 14 век. 

Житото и грозјето се преобразува во лепче и вино, и затоа ние се преобразуваме. Kако што житото се собира од разни места и се прави едно лепче, така и сите ние се собираме од секаде и стануваме едно, едно тело Христово – Црква.