Окото на телото е нашиот ум. Нашиот ум го просветлува, телото и душата и целиот наш живот.

Суштината на умот е во срцето и ние треба најмногу од се треба да се грижеме за своето срце. Тоа да е чисто и да не внесуваме никакви нечистотии во него, а оние што веќе сме ги стекнале и ги имаме на кои што сме и веќе робови, да ги очистиваме и се ослободиме од нив.

Така да ние треба да се трудиме нашиот ум да биде просветлен, за да биде чист и стварите и околностите околу нас да ги созерцува правилно и правилно да дејствуваме и живееме . Меѓутоа ако тоа наше око биде темно, тогаш и целото наше тело, целата наша душа и целиот наш живот ќе бидат темни. За се ќе гледаме помрачено и неправилно.

и ние гледаме преку тоа око, односно, преку таа темнина за која мислиме, па дури сме и убедени, дека е светлина. Од оваа причина се околу нас е темно. Тоа значи дека ако нашето око, кое е умот, е помрачено а нашето срце е острастено и извалкано од страстите, тогаш сиот свет ние го гледаме преку тие наши страсти и неможеме да ја спознаеме Вистината, неможеме да ја видиме вистинската светлина, вистинската суштина

Срцето се чисте најмногу со смирение и љубов, со добродетелен светотаински живот во Црквата, пост, исповест, причест и телесен подвиг и на тој начин полека, полека нашето срце се ослободуа од страстите и нашиот ум се просветлува и ние гледаме светло и чисто, а до тогаш ние треба бидеме послушни на нашиот духовен Отец и да имаме само една цел во животот, што е и најважно а тоа е да го бараме Цаството Божјо, а Царството Божјо Господ рекол дека е во нашето срце и затоа ние треба најмногу да се грижиме за нашето срце. Да не се грижиме што ќе јадеме и што ќе пиеме и како ќе се облекуваме и што другите ќе мислат за нас како ќе им изгледаме, туку едноставно да се грижиме најнапред за Царство Божјо и неговата правда и Бог ќе се вселува во нас и Он ќе ни биде светлина во животот и се што ќе гледаме ќе ни биде светлина.

Меѓутоа во спротивно кога не се грижиме за чистотата на нашето срце, а повеќе се грижиме за страстите и насладите од овој свет и век тогаш во него влегуваат тие страсти и го заробуваат а на тој начин светлината на умот ќе ни биде темна и се што правиеме и размислуваме е преку призмата на таа страст. Ако некој е заробен од блудната страст, тој размуслува како да ја задоволи таа своја страсти и се гледа преку неа. За тој се е обзсветено и нечисто. Ако некој е заробен од страст на пијанството и прејадувањето, само на тоа  мисли. Ако некој е заробен од страстта на среброљубието размислува само како да дојде до повеќе богатство и пари, како да купи, продаде ама тоа го прават незнабожците, оние кои не го знаат Бога, а ние кои го знаеме Бога треба целиот наш живот да го насочеме за стекнување на тоа Царство Небесно кое што е вечно и беcценето.

Затоа треба најнапред да го бараме Царсвото небесно, она Неговото и тогаш тој ќе ни го даде тоа негово.. Но Господ не укорува за нашата слаба вера, затоа ние треба да ја зголемиме нашата вера и нашата љубов и послушание кон нашиот Бог затоа што не можеме да им служиме на двајца господари. Затоа што ….

Господ кој што од ни од што не створил нас, тогаш тој и ќе се грижи за нас. Тогаш тој ќе ни го даде и потребното. Ако Господ е Господaр на се видливо и невидливо и се грижи за птиците и за животните и за растенијата, дури и ги украсува цвеќињата во ливадата, и како што вели Тој: Ни Соломон, кој што бил најбогат цар во историјата на човештвото, не се облекол така како еден од полските кринови тогаш и ние ќе ги разберевме овие Негови зборови и ќе живеевме според Неговите заповеди. Тогаш колку повеке тоа ќе се грижи за нас кој сме Негов образ. И не смеам да се сомневаме дека нешто што ни е потребно нема ние да добиеме. Но Господ не укорува за нашата слаба вера, затоа ние треба да ја зголемиме нашата вера и нашата љубов и послушание кон нашиот Него.

Меѓутоа, ние за жал, неживеејки така покажува дека сме слепи. Таа  наша слепост пак  неможеме да ја излечиме одејки по пазариштата, продавниците, салоните и по разните  задоволства на широкиот пат на комформизмот од  овој свет, и задоволувајќи си ги нашите страсти, со тоа се повеќе го помрачуваме нашето око и се повеќе нашето око станува слепо за да ги види и почувствува овие зборови, коишто се многу спасителни и суштествени за нас:  Барајте го најнапред царството Божјо и Неговата правда и сето ова ќе ви се придодаде.

Затоа нашиот ум треба да биде насочен, односно да има цел. Не да биде без паттен , да биде насочен на безброј патеки од овој век туку треба да биде насочен дирекно кон барањето на Царството Божјо.

Ако навистина го бараме Бога и Неговото царство, тогаш што ни треба повеќе од тоа? Тогаш, вистина имаме се. Апсолутно се. Кога ќе бидеме Негови деца, тогаш и Тој ќе биде наш Отец и се што е Негово ќе биде и наше и ќе се грижи за нас. Меѓутоа, ние ќе забележиме дека не го сакаме тоа што ни е потребно туку сакаме повеќе од тоа. Од тука се и нашите грижи, нервози, меѓусебни нетрпениа и омрази. И затоа  Господ вели: ”Никој не може да им служи на два(јцата) господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите на Бога и на мамона.”  Односно, неможеме да му служиме на овој свет, на критериумите на овој свет и на луѓето кои го диктираат неговото темпо и стил, а  истовремено да му служиме на Бога.

Заради тоа Господ не советува дека ние треба најпрво да го возљубиме Бога и Неговите заповеди, бидејќи единствено Тој е непроменлив и вечен,  а нашата душа, односно самиот човек е создаден од Бога и е создаден за Бога, И да биде со Бога. Меѓутоа, како што реков, тоа не се постигнува со живеење во раскошот од овој свет, туку пред се, со покајно смирено живеење во непрестаен плач за своите гревови, во непрестајна борба за очистување на своите страсти, со благодарствено трпење на волните или неволните болки и страданија, односно искушенија и маки, со исповед и причест и со непрестајно призивање на името Божјо: Господ Исусе Христе, помилуј ме… На тој начин, вистина ќе покажеме дека ние сме го возљубиле Бога со сето свое срце, со сиот свој ум и со сета своја душа, и тогаш Господ ќе го примиме во нашето срце и ќе го наследиме Неговото царство што е приготвено за нас.