Не воведувај не’ во искушение, но избави не’ од лукавиот – ние признаваме дека сме немоќни, слаби и не можеме да ги издржиме искушенијата, и се молиме на Бог да не избави од нив. За разлика од спротивното, кога самите ѓи предизвикаме и покажуваме гордост. На Господ му се мили смирените по срце, а гордите му се одвратни. Тоа го правиме и кога ќе се острастиме кон нешто и го посакуваме по секоја цена, без да го провериме дали е по Божјата волја.
Искушенијата не можеме да ги заобиколиме, живееме во отпаднат од Бога зол свет (Гал. 1,4) но затоа се молиме на Бог колку што може тие да не’ одбегнат и за оние што ги имаме да ни даде сила и смирение да ги победиме. Секое искушение е од лукавиот по Божјо допуштение. Бог е Семоќен и Тој ja знае силата на сите и не дозволува ниедно искушение над нашите сили. Секој опит ни се дава да ја тестираме нашата љубов кон Бога и нашата блиски. Така што секој опит може да се положи, но ние мора да реагираме според Божјите заповеди. Ако го правиме спротивното на тоа, тогаш грешиме. Бог допушта за оние што се доволно цврсти, како Јов, за уште повеќе да се зацврстат и утвдат во доброто и обожат и оние искушенија што ни се случуваат во секојдневниот наш живот. Ние најчесто кога ќе ни се случат искушенијата, почнуваме да роптаме, да кукаме, да се жалиме, да ги обвинуваме другите… но Светите Отци велат: Господи, одземи ни го искушението, и кој ќе се спаси? Што значи, ние треба да пристапиме свесно, машки, на искушенијата. На тој начин, кога со Божјата благодат ќе ги победиме искушенијата, се зацврстуваме во благодатата и Го прославуваме Бога. Светите Отци не советуваат да не се жалиме на искушенијата, туку да ги примиме со радост, затоа што преку нив си да ги читаме нашите срца. Живееме во еден лажен свет, во кој јас (моето его) сум царот, и моето царство се страстите во моето срцето, на кои повеќе ние им робуваме нив отколку тие на нас и сега кога ќе се склучи тоа искушение, тогаш моето царство се разнишува. Кој е паметен, ќе може да прочита кои страсти ги има во срцето и веднаш да ги исповеда и се ослободи од нив. Некој ме навредил, ми рекол нешто лошо и во мене се случиле рој лоши помисли. Тогаш ќе заклучам: јас сум горд, гневен, зол, осветољубив итн. Или ми украле нешто, и јас почнувам да беснеам, што значи дека сум острастен на тоа нешто и сеште житела на земјата а не на небесата. Кога ќе се случи искушението, ние треба да го прифатиме дури и со радост. Дошло времето за читање и чистење на моето срце и будење на мојата заспана совест.
Со призивот, избави не’ од лукавиот – Господ ни посочува кој е начиот непријател и од каде се сите наши искушенија. Тие не се од другите луѓе, туку од ѓаволот, и ако ние треба да се лутиме и да се караме, тоа треба да биде со ѓаволот.
Во Англискиот превод на Господовата молитва има главно два превода каде во едниот се вели evil, а во другиот e evil one. Поправилно е evil one затоа што со one се прецизира кој е тој и дека тој е некој конкретен, а нешто имагинарно. А тоа е ѓаволот кој е татко на лагата.
Зашто Твое е царството и силата и славата. – На крајот молитвата завршува со славословие, кое најчесто во Црквата го кажува свештеникот и што значи дека го признаваме Бог како наш Творец, Седржител и Цар и Божјото Царството, го сакаме и сакаме да живееме според него, зашто без Него не можеме ништо. Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без мене не можете да правите ништо. (Јован: 15:5)