Вовед

Верувам дека сите знаеме која е Господовата молитва, некои ја знаeме и на напамет, но не сум сигурен дали сите го знаeме нејзиното значение. За тоа се погрижиле светите Oтци, кои длабоко проникнуваат во словото Божјо и несебично ни го одставиле во наследтво тоа нивно искуство за да и ние да го научиме суштинаското значение на оваа молитва. Неа, Господ Исус Христос ни ја дал преку апостолите кога тие го замолиле да им каже како да се молат.

Тогаш Господ Исус Христос им кажува како да се молат: Кога се молите, не говорете многу како незнабожците, зашто тие мислат за своите многу зборови ќе бидат услишени; вие, пак, немојте да бидете како тие, оти вашиот Отец небесен знае од што имате нужда уште пред да сте Го помолиле.Туку молете се вака: и им ја кажува молитвата Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес; и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници; и не не воведи во искушение, но избави не од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин! (Мат, 6,7-13, Лук 11,2-4)

Основната молитва во Православната Црква е Господовата молитвa  или молитвата Оче наш и таа најчесто се применува во нашите Богослужби. Во нејзините зборови Спасителот се ни дал што ни е потребно за нашето спасение. Ако ја гледаме малку повнимателно, ќе заклучиме дека во неа се опфатени двата најголеми заповеди кои Господ Исус Христос ни ги даде во Новиот Завет: возљуби Го Господа со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!’ Тоа е прва заповед. А втората е случна на неа: ‘Возљуби го својот ближен како себеси!’ Друга заповед, поголема од овие, нема. (Мат. 22, 37-39; Мар. 12, 30-31). Што е уште поинтересно, во оваа молитва ќе забележиме дека ништо не бараме свое и ништо на земјата. Најчесто кога ние се молиме, разбираме дека молиме од Бога нешто и бараме ова-она, и бараме за себе и бараме нешто што е од овде на земјата. Но Господ не учи поинаку, дури и онаа прозба, Лебот наш насушен, дај ни го денес, има сосем друго значение за кое ќе видеме подоцна.

Ние веруваме во личносен Бог, Бог Света Троица, Отец, Син И Свет Дух и заради тоа ние можеме и лично да му се обратиме да го спознаеме и заедничариме со Него, а тоа значи дека нашиот Бог е конкретно Некој и ние со Него можеме да воспоставиме лична и љубовна заедница преку молитвата.

Продолжуава…