Можеби нелогично и чудно звучи, но смртта е предуслов за вечниот живот во Христос. Најпрво преку светата Тајна Крштение умираме за овој свет и се раѓаме за Христос и Царството Небесно. Потоа исто така, во понатамошниот тек од
нашиот живот ние сме должни да умираме за светот и за себе за да го одржуваме нашиот духовен живот во Христос.
Тоа наше умирање се состои од одкажување на нашата волја, вклучувајки ги тука и сите свои лични планови, амбиции, желби, желби и прифаќање на Божјата волја преку послушанието кон својот духовен Отец. Посебно ние кои се наоѓаме на првиот степен од духовниот живот на очистувањето и ослободувањето на срцето од страстите. И се додека не се стекнеме со просветлението на умот во познание на Божјата волја, должни сме во се да му се покоруваме на словото на нашиот духовен Отец.
Ова е многу важно и за него може многу да се говори и тоа како делува ѓаволот криејки се зад нашите “добри” мисли и планови кои можат да бидат дури и побожни како што и Савле мислел дека му угодува на Бога а всушност бил борец против Бог, но кога Савле се откажал од себе, тогаш умрел и Савле во него и се родил новиот св. ап. Павле кој за себе рекол: Но ако некој се осмели, во безумство велам, ќе се осмелам и јас. Евреи ли се? И јас сум. Израилец ли е? И јас. Семе Аврамово ли е? И јас. Служители Христови ли се? Во безумство сборувам, јас сум повеќе. Повеќе се трудев, повеќе рани поднесов, и многупати на умирање… Ако треба да се фалам со слабоста своја ќе се пофалам. (1 Кор. 11, 21-30) но уште и рекол: Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам: Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо. И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело не знам: Бог знае, беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои што човек не може да ги искаже. (1 Кор. 12, 2-4).
Затоа, ако сакаме да бидеме и ние во Христос и да ја имаме славата Негова потребно е, не да ја бараме на нашата, но Божјата волја и слава. Амин.