Први Јуни 2009 година во раните утрински часови на Света Гора се упокои блажениот старец Јосиф Ватопедски.
Старец Јосиф во Историјата на Православната Црква ќе остане забележан како духовно чедо на еден од најпознатите свети Старци на денешнината, светиот старец Јосиф Исихаст, потоа како старец и духовен Отец на монашкото братсво на манастирот Ватопед на Света Гора но и по уште едно. По неговата насвмевка од Вечноста.
Во последните години од неговиот живот тој се повлекол во една мала ќелиичка која се наоѓа близу манастирот Ватопед. Сакал да се подготви за заминување од овој свет. Кога некој ќе го запшрашал: Како си Старче?
Често одговарал: «Еве, чекам да дојде возот да ме собере и однесе во татаковината (мислејки на Небесното Царство), но доцни, незнам што му е?»
И во последните неколку месеци пред неговото упокојување, Старцот го извршувал на памет целото Богослужбено правило, па дури и во сонот.
Во последниот ден од овоземниот живот, околу 10 часот наутро, Старецот му рекол на монахот кој го опслужувал: «Денес заминувам, бидејќи ја чуствувам смртта»
Монахот му оговорил: «Како Бог сака, така ќе биде, Старче!»
Неколку часа подоцна рекол: «Што бараат овие демони овде?»
А малку потоа, повторно го запрашал отецот покрај него: «Овие светителите што дошле, што прават овде? Да не дошле да ни помогнат?»
Монахот му одговорил: «Да Старче, дојдоа да ни помогнат.»
Во предвечерието, очигледно извршувајки ја Старецот, Богослужбата на памет го запрашал братот: «Како беше наредниот тропар?» И околу 2.20 наутро старецот се упокоил.
Веднаш беа известени игуменот на манастирот Ефрем и целото братство.
Рацете му биле прекрстени на градите и заврзани со бројаници. Неговиот израз на лицето бил сосема мирен, како да спиел. Но неговата уста останала подотворена.
Според правилото монасите се закокуваат потполно замотани и зашиени во мандија. Старецот им рекол да го замотаат во мандијата, но веднаш после тоа, да му го откријат лицето. Некои од браќата му рекле дека можеби би било непријатно да му го отскриваат лицето заради подотворената уста и би изгледало грдо. Но Игуменот останал цврст на својот став им наредил да се придржуваат до неговиот благослов. Ставајки му една газа под вилицата на и заврзувајки ја над неговото чело, тие сепак се обиделе да му ја затворат устата, но неуспешно.
За да ги извршат сите потрени работи и додека се соберат сите пред одарот на скоропреставениот старец Јосиф, под црквичката Јосиф Исихаст која си ја имал во склоп на својата ќелија, им требало околу 45 минути.
Кога му го откриле лицето сите останале вчудоневидени. Неместо отворена уста, на неговото лице виделе блажена насмевка. Ноговата уста била затворена, образите собрани и наместена како се насмевнува на некој. Тој некој не може да биде никој друг освен единствениот Бог заедно со Пресвета Богородица и сите светии во Царството Небесно.
Ovoj текст опишува чудо кое, колку ние што знаеме, е скоро невидено во целата историја на христијанството.
Почината личност (Старецот Јосиф од Vatopaidi) се насмевна. Впечатлив е фактот, дека оваа насмевка се случи 45 минути по неговата смрт.
Од моментот на смртта, сите органи ја запираат нивната функција: срцето, мозокот, белите дробови, на мускулите и сл.
Колку што се однесува на мускулите, тоа е добро познато, дека кога некој ќе умре, тие стануваат крути (мускулна вкочанетост). Поради оваа причина, од моментот на смртта, без разлика колку и да се обидува некој, многу е тешко да се помрдне (со користење на нормални средства и начини). На пример- рацете или другите делови на телото на мртовец.
Ова беше во случајот со Старец Јосиф од Vatopaidi. Кога тој починал, устата му била отворена. Без разлика колку се обидувале монасите, не можеле да му ја склопат устата. Овој феномен (од гледна точка на биомедицината) се должи на претходно споменатата мускулна вкочанетост.
Човек, кој е жив мозе да се насмее бидејќи мускулите на лицето може да се згрчат. Но, никој, поради мускулната вкочанетост, неможе да ги намести мускулите на лицето на мртов човек во таква позиција, за мртвиот да се насмее. Бидејќи е невозможно некој да ја затвори устата на мртов човек (дури и ако е врзана),па затоа е незамисливо да се наместат мускулите на лицето во таква позиција, за лицето на мртвиот да има насмевка.