Со самата помисла да ги изговорам зборовите ХРИСТОС СЕ РОДИ, во мене срцето ми се полни со плач и солзи.
Зашто само кога ќе помислам зошто дошол Христос?
Зошто се воплотил?
Зошто станал човек и во јасли како немоќно бебе се смирил…?
Солзите неизмено веќе течат.
Плачам и ридам над падната полумртва природа моја.
Плачам и ридам заради неизмерната љубов Божја.
И пак и пак плачам и ридам…
Неизмерна е Неговата милост.
Бог се роди во мрачна пештера, за и ние да го примиме во нашите мрачни срца.
Бог се воплоти и стана човек, за човекот (ни помалку ни повеќе) да стане бог по благодат.
Бог се роди за да ја подигне паднатата наша човекова природа и повторно ни го врати изгубеното достоинство.
Голема е тајната на побожноста, Бог се јави во тело… та секој што верува во Него, да не загине, но да има живот вечен. ( 1 Тим 3,16 и Јн. 3,15).
Од срце ви го честитам раѓањето Христово и ве поздравувам сите.
ХРИСТОС СЕ РОДИ!
Со почит, о. г
Молете се за мене!
