Слегување на Благодатниот оган 2012

Што е тоа слегување на благодатниот оган?

За едни, тоа е нешто што може да го наруши спокојниот живот, па затоа треба да биде отфрлено како измислица. За други, тоа е најголемото чудо на земјата, кое неоспорно сведочи за вистинитоста на Православието. За православниот Христијанин, тоа не е просто чудо, туку потсетување, дека Он е со нас „од сега, па до крајот на вековите”, знак на Неговата милост кон сите луѓе кои живеат на земјата. Според преданијата на Ерусалимската Православна Црква, годината кога овој оган нема да слезе, ќе биде последната за човештвото.

Воскресението Христово (Пасха), пред кое настанува опишуваното чудо, е најголемиот настан за христијаните, кој укажува на триумфот на православната вера, го претставува знакот на победата над гревот и смртта и почетокот на светот, искупен и осветен од Господа Исуса Христа.

Празникот Пасха се празнува уште од апостолската Црква. На I Вселенски собор (325 г.) е востановено христијанската Пасха насекаде да се празнува во првата недела по пасхалната полномесечина, така што секогаш да се слави по јудејската Пасха. На IV Вселенски собор е определено да се прекратува постот и да почне празнувањето на Пасхата веднаш по полноќ. Во текот на 2000 години, православните христијани го дочекуваат својот главен празник во Храмот на Гробот Господов (Воскресение) во Ерусалим. Овде, во најголемата светост за христијаните, каде што настануваат подолу опишаните настани, се наоѓа Гробот, каде што бил погребан и воскресна Христос. Во неговата околина се наоѓаат многу свети места, каде Спасителот беше суден и казнет за нашите гревови. Таму се наоѓа и крстот на кој беше распнат. (more…)

|