
Во Името на отецот и Синот и Светиот Дух
Господ Исус Христос, Бог Словото, заради нас луѓето се воплоти и стана човек, потоа се крсти од Јована во Јордан и сакаше да ни ги отвори небесата и да ни ја отвори можността повторно да се вратиме онаму каде што човечкото достоинство припаѓаше, а тоа е во рајот со Господа. Во вечната заедница со блажениот и свет Бог. Затоа и Господ слезе на земјата за да ја проповеда својата спасителна наука.
Заради тоа Господ од Назарет премина во пределите Завилонски и Нефталимски кај што владеeла темнината на незнабожтвото, за да го потврди она што е напишано во Светото Писмо и поверуваат во Него: “Земјата Завулонова и замјата Нафталимова, по пат кон морето, отаде Јордан, е назнабожечка Галилеја. “Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина и она оние, што седеа во место на сенка смртна, им изгреа светлина”.
(more…)