Во ова евангелие Господ јасно ни покажува која е причината за нашите немоќи и страдања, а тоа е нашето неверие или маловерие. Затаоа откако Господ му рекол на таткото на детето: Ако можеш да поверуваш? Се е можно за оној што верува!” овој извикал и со солзи рекол: “Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!”. Се смирил, си ја признал својата немоќ, си ја признал својата слаба вера и со покајание исповедал, затоа и Бог му дал сила да поверува и неговиот син бил излекуван.
Ако малку повеќе обрнеме внимание на Христовиот одговор, ќе забележиме дека лекот и терапијата која Господ ни ја препишал, пред се, е духовна. Верата во Бог, молитвата и постот. Тоа е така затоа што сржта, сушността на нашиот живот е духовна. Човекот е психофизичко битие создаден од земја (материја) според образот и подобието Божјо за вечна заедница со својот Бог и Создател. Но по престапот, гревот влегол во светот, а со тоа болестите, страдањата, скрбта, несреките… сепак милостивиот Бог докрај не се откажал од своето создание и му дал покајание и начин за спасение, та сега човекот секогаш се наоѓа помеѓу двата пола, живото и смртта, на доброто и лошото, Бога и мамона (ѓаволот). Кога ќовекот ќе го заборави Бог, (невереие) тогаш и во него влегуваат гревот и болестите. Кога ќе се приближува до Бога, тогаш се исцелува и напредува. Ако е здрав нашиот дух, здраво ќе биде и нашето тело. (more…)