May
Чудото на благодатниот оган
Благодатниот оган се појавува во храмот од пред две илјади години. Најраните сведоштва за слегувањето на Благодатниот оган во навечерието на Воскресението Христово го наоѓаме кај свети Григориј Ниски, Евсевиј и Силвиј Аквитански (4 век). Кај нив се опишани и поранешните слегувања на Благодатниот оган. Според сведоштвото на апостолите и светите отци, несоздадената Светлина го осветлила Господовиот Гроб набргу пред Воскресението, и тоа го видел апостолот Петар: „Петар виде не само со телесните очи, но и со возвишениот апостолски ум дека Гробот е исполнет со светлина, иако беше ноќ“ читаме кај свети Григориј Ниски. „Петар застана пред Гробот и се ужасна гледајќи светлина во него“, пишува свети Јован Дамаскин.
Евсевиј Памфил раскажува во својата „Црковна историја“ дека кога веќе немало масло во кандилата, патријархот Харкис (3 век) благословил да налеат во нив вода од Силоамската бања. Слезениот оган од небото ги запалил кандилата и тие гореле за време на целата пасхална служба.
Латинскиот монах Бернард (865 г.) пишува во својот патепис: „На Света Сабота, кога е навечерието на Пасха, службата започнува рано и после отслужувањето се пее Господи помилуј до моментот, кога слегува Ангелот и се запалуваат кандилата, кои висат над Гробот“.

Ova dokazuva deka edinstveno nasata vera e pravilna
June 13th, 2009 at 11:37 am