St Prohor Pchinski Monastary - Donnybrook
29
Jul

Есеј кој го освои второто место на конкурсот за најдобар Православен есеј

Зошто во манастир?

 

Ќе се обидам и сама на себе да си одговорам зошто некој одлучува да оди во манастир.

Поради човечката падната природа, сите ние сме заробени од гревот, а суштината на овој живот е да се ослободиме од него и да се спасиме. Суштината е да живеме Православно, во Господ Исус Христос. Мојот духовник вели: „Ако не живиме за Христос, нашиот живот нема смисла.“

 

За да се очисти човекот од страстите, треба да помине три нивоа од духовниот живот: очистување на срцето, просветлување на умот и обожување.

Единствениот пат е патот со духовното раководство од опитен духовник, во послушание, смирение и молитва.

 

Ова е можно и кога се живее во светот, иако не и лесно, затоа што духовникот нема доволна контрола, заради тоа што нашето време е посветено и на светските грижи. Кога човекот живее во светот, сето своето време не може да го посвети на Господ, затоа што, за жал, денешниот свет не’ учи да му служиме на ѓаволот, и денешниот начин на живеење, за жал, не е Православниот.

 

Од другата страна пак, во манастир човекот целосно се предава на раководство на духовникот, ’умира’ за светот и почнува да оди по тесен пат. Пат кој полесно води низ трите нивоа. Во манастир човекот целосно живее за Христа, секој момент од денот е исполнет во послушание, и тогаш духовникот има поголема можност за раководење. Тогаш послушаникот има поголема шанса да научи за Христос, за верата, за црквата, затоа што не му служи на светот. Тука доаѓа онаа реченица од Евангелието: Не можеш да им служиш на двајца господари…

 

А исто така, кога еднаш се вкуси Христос, кога се запознае еден мал, најмал дел од Него, кога се помири со факт дека смртта доаѓа, дека овој живот е лажен и минлив, човек едноставно не може, а да не посака целиот живот да проведе служејќи му на Саканиот, во мислите на тој ден…Таа желба и тој жар кога почне да пламти…

 

Во изборот меѓу живот полн со омраза, проблеми, грижи, тага, немир, нељубов, страв, лаги, неправди, убиства, силувања; или живот во смирение, молитва, љубов, мир.. чудно е кога човек ќе го избере она првото.

 

И на крај, кога човекот еднаш вистински погледа барем еден свој грев и се покае, и знае дека со своите постапки не може да влезе во Рајот, да биде соединет со својот Создател,  добива страв од Господ, се сажалува за се’ што Му направил, како Го повредил, знае дека Господ е добар и сака да мине време во плач – а вистински плач се стекнува  кајоние со очистени срца, а ова не води до почетокот, таквите срца се добиваат кога човекот ќе се очисти од страстите, а за да се очисти треба да помине 3 нива.. за тоа треба духовник.. за тоа треба послушание, смирение, молитва.. за тоа е полесно во манастир.. и така се’ во круг. Круг на вистината.

 

Господи Исусе Христе, помилуј ме.

2 Responses to “Есеј кој го освои второто место на конкурсот за најдобар Православен есеј”

  1. 1
    Slavica Says:

    ИДЕИТЕ НА ОТЕЦ ГАВРИЛ ГИ ПОТИКНУВААТ ДЕЦАТА ОД MOYA СО ДЕЛА ДА ПАРТЦИПИРААТ ВО ОРТОДОКСНОСТА НА ПРАВОСЛАВНАТА ВЕРА.

    Keep climbing up!

  2. 2
    Slavica Says:

    Господ И Богородица со вас деца.

    And keep up the good work!

Leave a Reply

With Blessing From His Eminence Bishop Petar

© 2010 Macedonian Orthodox Monastery St. Prohor Pchinski | Entries (RSS) and Comments (RSS)