St Prohor Pchinski Monastary - Donnybrook
30
Jul

Есеј кој го освои првото место на конкурсот за најдобар Православен есеј

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА !!!

Божјата Благодат во манастирот на Св. Прохор Пчински

Што и да се рече, нема да биде доволно за да се искаже со зборови топлината на Божјата благодат која се чувствува во манастирот. Таа топлина и пријатност, во душата ја чувствувам  уште со самата моја помисла кога ќе посакам да појдам во манастирот, а со самото мое доаѓање во него, на првиот чекор внатре во дворот од манастирот, веќе во душата чувствувам како да добивам крилја, крилја кои ме преселуваат далеку од овој свет. Чувстувам радост и ведрина во себе, во моментот го губам чувството за секоја една обврска што ја имам во животот, како да не се ни мои тие обрски, како и да не постоеле никогаш.

Самата душа внатре во мене почнува да се восхитува и на воздухот што ми поминува по лицето, на се` што ми гледа окото пред себе, на секое едно каменче на земјата и на секое едно листе од дрвјата… дури и на најмалиот шум  кој се слуша таму, а срцето полека почува да ми чука весело и сигурно, како да се наоѓам во прегратките на мојата мајка кога бев дете… Толку лесно и едноставно се чувствувам во манастирот, како да сум се родил во него, како  да сум растел и живеел целиот мој живот во него, како да сум ја поминал  радоста на моето детство во него…не знам зошто… само знам дека душата ми бара постојано и постојано да се навраќам во него, за да ја доживувам повторно и повторно сета таа радост и топлина на Божјата благодат која извира во манастирот… Дури посакувам  да не излезам никогаш од таму, да не се одвојам од него, да бидам како едно од тие посадени дрвја кои живеат таму.

Божјата благодат е жива, жива е, и таа живее  во манастирот на Св. Прохор Пчински. Можеби човек не може да ја види со голо око, но секој еден кој ќе дојде таму ја чувствува, ја чувствува внатре во себе и и` се радува без да знае за неа…

По молитвите на Св. Прохор Пчински, ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, помилуј не`!

2 Responses to “Есеј кој го освои првото место на конкурсот за најдобар Православен есеј”

  1. 1
    slavica Says:

    Кога би можеле секое парче од оваа земја да го чуствуваме така, тогаш секаде би било наш дом … малку идеалистично од моја страна :)
    Многу убаво напишано, просто да посака човек да дојде, и тоа веднаш да дојде :)
    Поздрав до сите во Манастирот.

  2. 2
    Slavica Ivanova Says:

    Да, природата на манастирот е прекрасен. Како што приридата на манастирот е прекрасен така и манастирскиот начин на живеење, пракса, развој, трансформачија и конструкчија на човечкиот карактер да ни биде прекрасен во Правосланата вера за да угодуваме на Бога и одиме напред и нагоре.

    Господ и Богородица да помагаат.

Leave a Reply

With Blessing From His Eminence Bishop Petar

© 2010 Macedonian Orthodox Monastery St. Prohor Pchinski | Entries (RSS) and Comments (RSS)