St Prohor Pchinski Monastary - Donnybrook
19
Sep

Беседа за параболата со лозарите - Игумен Гаврил

Оваа парабола, браќа и сестри, e многу битна за нас. Таа се однесува пред се, историски за избраниот Еврејски народ, оној кој што требаше да ја чува вистинската вера и кој што требаше да му ги даде на Бога вистинските плодови, а тоа се чистата вера и даровите на Светиот Дух, добродетелниот живот. Но тие наместо да го познаат Христа, наместо да ги примат пророците, тие ги избиле и со камења ги сосипале. Подоцна Господ испратил и други слуги кои ќе го проповедаат доаѓањето на Месијата, Спасителот Господ Исус Христос и Царството Божјо, но и нив ги испоубиле, а на крајот дури Го испратил Својот Единороден Син, Господ Исус Христос, Кој заради нашето спасение, се воплоти од Света Дева Марија и стана човек и дојде да не спаси. Но, за жал, оние кои го чувале лозјето т.е. пастирите на тогашниот избран еврејски народ, наместо да го прифатат Христос и да го објават како виситнски Бог и Спасистел, тие го извадиле надвор од лозјето т.е. од Ерусалим и го убиле, мислејќи дека со тоа ќе го наследат неговиот дел.

Но тие само си направиле штета со тоа што Гопсод ги истерал и им го дал лозјето на други т.е. на незнабожечкиот народ кој што се сите други освен евреите, меѓу кои и ние Македонците. Ние сме го примиле евангелието од светите апостоли, сме поверувале во Господ Исус Христос, сме се крстиле и го чуваме.

Ако сега ова евангелска парабола ја протолкуваме алегориски тогаш, Домаќинот е Господ, а лозјето е сиот народ. Заградувањето на лозјето со плот – тоа е поставувањето на законот Божји за да не чува внатре во Црквата со дободетелен и безгрешен живот. Потоа, ископа бунар –тоа е браќа и сестри, светата тајна Причест, односно Евхаристијата - Литургијата, а кулата е самата Црква Божја и како храм но, пред се, како избран народ Божји кој се собира за да се напојува од тој бунар т.е. светата Причест. Лозјето го даде на лозарите, тоа се пастирите односно епископите и свештениците, па си отиде – го изврши спасителниот Домострој Божји. Го даде лозјето на лозарите, односно на пастири, првите епископи, од кои денеска ние славиме еден – св. Ефтихиј, кој бил ученик на свети Јован Богослов, и кој заради верата и тоа лозје, т.е. народот Божји, пострадал, и ние денеска го прославуваме.

За жал, како што веќе реков, лозарите не Го прифаќаат. Меѓутоа сега да размислиме самите за себе дали и ние не постапуваме така?. Да видиме колкумина од нас се вистински членови на Црквата и колкумина од нас вистински живееме во Неа со доборетелен и свет живот? Нашите цркви се испразнети. Исто така и за бунарот, причестта – дали ние пиеме од тој бунар, дали се исповедаме подготвувајќи се за светата Причест, понатаму дали ние скренуваме од плотта, т.е. дали ги исполнуваме заповедите Божји, дали ја исполнуваме светата волја Божја? Ако бидеме малку искрени ќе видиме дека се нарекуваме православни христијани , но според нашите дела не покажуваме дека сме.

Браќа и сестри, време е да се покаеме за сите наши грешки, за сите наши гревови, и да се влеземе од правта страна на плотта на лозјето, и да ги принесуваме плодовите што Господ ги бара од нас, за да не се случи истото што се случило со евреите за да ги погуби злочинците и лозјето да го даде на други. Затоа што со тек на времето може другите, во оваа наша втора татковина Австралија, што не се православни ќе станат православни, а ние да останеме надвор, борејќи се за своите позиции и за своите идеали и цели кои се далеку од планот Божји. Враќањето во лозјето е заградувањето со плотот, преку исполнувањето на Божјите заповеди и добродетелите, со покајание, послушание, смирение, милострдите, љубов, братолубие, смирувајќи се еден кон друг во послушание и исповед и на тој начин да пиеме од бунарот односно да се причестиме од едната Чаша, бивајки едно во Христоа и да ги принесуваме плодовите навреме. Амин.

Leave a Reply

With Blessing From His Eminence Bishop Petar

© 2010 Macedonian Orthodox Monastery St. Prohor Pchinski | Entries (RSS) and Comments (RSS)