Со доаѓањето на Неговото Високо Преосвештенство г. Петар за надлежен Архиереј на МПЦЕАНЗ, се воспоставија и здрави основи за вистински православен духовен живот во Австралија и Нов Зеланд. И со поставувањето на о. Гаврил, за игумен на првиот жив манастир во Дијаспората, манастирот на свети Прохор живот, за релативно краток период се покажаа плодовите на благодатта Божја и во овој свет манастир. 
Во саботата на денот на св. мч. Јустин Философ и преп. Јустин Ќелијски во манастирот на св. Прохор Пчински во Донибрук, за време на светата Литургија беше крстено чедото Божјо Сара, кое е веќе од третата генерација која се воцрковува во овој свет Манастир. Нејзините родители Дејан и Катерина беа венчани исто така за време на Литургијата од Неговото Високо Преосвештенство г. Петар а исто и нивните родители се редовни на Богослужбите и сите други црковни активности што ги организира МПЦЕАНЗ.

За време на светата Литургија прва се причести новкрстената Сара, а потоа и останатите верници.

Очигледно доброто семе паднало на добра почва на и во ова парче Божја земја.
Нека Господ Бог го умножи стадото и да дава уште многу вакви убави примери одсега па до крајот на вековите. Амин!

With the election of His Eminence Bishop Petar as the administrator of MOCDANZ, an Orthodox way of life  was created in Australia and New Zealand.
When Father Gavril was appointed as the Abbot of the first live monastery in the Diocese, monastery St Prohor Pchinski, in a relative short time the gifts of God were presented in this Holy Monastery.

On Saturday, when we commemorate St Justin the Philosopher, and St Justin Popovich, at the monastery of St Prohor Pchinski in Donnybrook, during Holy Liturgy was christen the child of God Sara, who is the third generation of people who lead active Orthodox life In this Holy Monastery. Her parents Dejan and Katerina were wedded during liturgy by his eminence Petar, and also their parents are regulars at Liturgy and all other activities that are organized by  MOCDANZ.

During liturgy, Sara was the first to partake in the Holy Communion, and after all the faithful who were prepared .

Obviously the good seed had fallen on good grounds on this Godly Land.
May God multiply his flock and may he bless us with many such examples, now and forever. Amin.