Christ is risen!


Truly He is risen!

The Resurrection of Christ is an event above all events.
A moment expanded into eternity and eternity distilled into a moment.
The Cross is the culmination of life.
And the Resurrection is a seal, a guarantee, promotion of the cross and Christ’s love.
He Who because of us suffered scoffing, spitting, beating, scolding and death upon the cross, could not be kept in the hell and not only that the hell could not keep Him, but it was not able to bear Him and was therefore crushed. With Christ’s descent into hell, the hell was disabled, so that everyone who believes and lives in Christ should have eternal life.
Until Christ’s Resurrection there was fear of death, but after Christ’s Resurrection, death simply turned into a passage. Pascha. Therefore, brothers and sisters, let us love Christ and accept Him with all of our hearts, because:
Christ is our God!
Christ is our love!
Christ is our reconciler!
Christ is our hope!
Christ is our life!
Christ is our everything!

Let us all assume Christ’s example and follow Him.
Let us glorify Him.
Let us forgive each other every transgression.
Let us love each other.
Let us hug one another and all together in one thought, one heart and one soul let us exclaim in a loud voice:
Christ is risen!
Truly He is risen!

This is the day of resurrection.
Let us be illumined by the feast.
Let us embrace each other.
Let us call brothers even those who hate us
And forgive all by the resurrection

Christ is risen from the dead,

Trampling down death by death,

And upon those in the tombs

Bestowing life!


Воскресение

Христос воскресна!

Навистина воскресна!

Воскресението Христово е настан над сите настани.
Момент преточен во вечност и вечност даден во момент.
Крстот е кулминација на љубовта.
Воскресението пак е печат, гаранција, промоција на крстот и љубовта Христова.
Оној кој заради нас претрпи исмејување, плукање, биење, презир и смрт на крст, неможеше да биде задржан во адот и не само што адот неможеше да го задржи, туку и неможеше да го издржи и беше разорен. Со Христовото слегнување во адот, адот беше обезоружан, та секој кој верува и живее во Христос да има живот вечен.
До воскресението Христово постоеше страв од смртта, но по воскресението Христово, смртта постана само премин, Пасха.
Затоа браќа и сестри, да го возљубиме Христос и да го прифатиме со сето срце наше, зашто:
Христос е нашиот Бог!
Христос е нашата љубов!
Христос е нашиот помирител!
Христос е нашата надеж!
Христос е нашиот живот!
Христос е нашето се’!

Да се угледаме и ние на Христос и да го следиме.
Да го прославиме.
Да си простиме секаково прегрешение.
Да се возљубиме еден со друг.
Да се прегрнеме и сите заедно и едномислено и со едно срце и една душа да извикаме гласно:
Христос воскресна!
Навистина воскресна!

Ден на воскресение, да се просветлиме со торжество

И еден друг да се прегрнеме

Да им кажеме браќаи и на оние што не мразат

да простиме се со воскресението

И вака да извикаме

Христос воскресна од мртвите

Со смртта смртта ја победи

И  на тие во гробовите

живот им дари

VIDEOHristos Voskresna Tropar