Верувам дека веќе го знаете значењето на на денешното евангелие за настанот што се случил во земјата на Гергесенците, затоа што сме го објаснувале до сега. Би се задржал само на моментот на средбата и разговорот помеѓу Христос со демоните. Кога (бесомачниот) го виде Исуса, извика и падна пред Него, и гласно рече:  Што имаш со мене, Ти, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Ти се молам, не мачи ме! (Лук. 8:28) или во Евангелието според Матеј: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји! Зар си дошол тука предвреме да не мачиш?” (Мат. 8:29)

Значи и демоните веруваат и го познаваат Христос. Tие го исповедуваат за Син Божји и ветениот Месија и многу работи знаат за Него, ама ете не го следат и не сакаат да се спасат. Обземени од гордоста, од светли ангели се претвориле во црни ѓаволи. Гордоста е многу лош и најголем грев. Таа го затемнува човекот и го прават духовно парализиран и неподвижен.

Разликата меѓу ониe што не го следат Христос и оние што го следат е во  нивната спремност. Спремноста да се следи Христос преку конкретни дела во секоe време.Тие кои што го следат Христос во секоj момент и на секое место, имаат своја цел и затоа доаѓаат до целта и го стекнуваат Христос. За разлика од нив, оние кои само веруваат, а не го следат, тие од момент на момент само се колебаат и никаде не стигнуваат, затоа и не го стекнуваат Христос. За нив Христос како да им вели: Ќе тргнеш по Мене, да останам или да си одам? Во секој момент ние треба да одговориме христијански, а посебно во моментите на искушение. Никогаш  не треба да подлегнеме на искушението на демоните и да постапиме според нив.

За ова и св. Ап. Јаков рекол: Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли таквата вера да го спаси?Ако некој брат или сестра се без облека и имаат потреба од секојдневна храна, (конкретно дело) па некој од вас им рече: “Одете си во мир, стоплете се и наситете се!”, а не им го даде она што им е потребно за телото, каква е ползата од тоа? Така е и со верата: ако нема дела, мртва е сама по себе. Впрочем, некој ќе рече: ти имаш вера, а јас имам дела; покажи ми ја својата вера без дела, а јас ќе ти ја покажам верата преку моите дела. Ти веруваш дека има само еден Бог. Добро правиш! И демоните веруваат и треперат. Сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е бесплодна? (Јak. 2,14-20)

Ако се избориме и постапиме како Христос, тогаш и ние ќе бидеме Христови и со Христос, но ако подлегнеме и постапиме според демоните,тогаш и ние ќе бидеме слични на нив. Изборот е наш во секоја прилика. Се надевам дека сме доволно мудри да го избереме правилниот пат.

Should I stay or should I go?

 

 

I believe you already know the meaning of this gospel about the event that happened in the country of the Gadarenes, as we have explained it before.

I would highlight the moment of the meeting and the conversation between Christ and the demons. When he (the demon-possessed man) saw Jesus, he cried out and fell before him, and said aloud: “What do you want with me, Jesus, Son of the Most High God? I beg you, don’t torture me!” (Luk. 8:28) or the Gospel of Matthew: “What do you want with us, Son of God?” they shouted. “Have you come here to torture us before the appointed time?” (Matt. 8:29)

So even the demons themselves believe and recognise Christ. They confess him as the Son of God and the promised Messiah and they know many things about him, but still, they don’t follow him and do not want to be saved. Consumed by pride, from bright angels they turned into dark devils. Pride is a very bad and the greatest sin. It darkens the human being and it makes it spiritually paralysed and immobile.

The difference between the ones who don’t follow Christ and the who do is in their readiness. The readiness to follow Christ through concrete actions at all times. Those who follow Christ at any moment and any place, have their goal and that’s why they achieve their goal and gain Christ. On the contrary, those who believe only, but do not follow, they hesitate from moment to moment and they don’t get anywhere, and that’s why they don’t gain Christ. For them Christ as saying: Will you following Me? Should I stay or should I go? At each moment we need to respond as Christians, especially in the moments of temptation. We should never succumb to the temptation of the demons and act according to them.

About this st. Apostle  James said: What good is it, my brothers and sisters, if someone claims to have faith but has no deeds? Can such faith save them? Suppose a brother or a sister is without clothes and daily food (concrete work) If one of you says to them, “Go in peace; keep warm and well fed,” but does nothing about their physical needs, what good is it? In the same way, faith by itself, if it is not accompanied by action, is dead. But someone will say, “You have faith; I have deeds.” Show me your faith without deeds, and I will show you my faith by my deeds. You believe that there is one God. Good! Even the demons believe that—and shudder. You foolish person, do you want evidence that faith without deeds is useless? (Jak. 2.14 to 20)

If we fight and act like Christ, then we will belong to Christ and be with Jesus Christ, but if we succumb and act according to the demons, then we will be similar to them. The choice is ours at every opportunity. I hope we are wise enough to choose the right way.