Кратка историја на областа Донибрук
и
манстирот Свети Прохор Пчински во Донибрук

 Историјата на Донибрук 

Донибрук се наоѓа 34 км северно од Мелбурн, главниот град на Викторија, и е на само 2 км источно од авропатот Хјум. Оваа област е најпозната по природниот минералн извор каде што денеска се наоѓа Македонскиот Православен манастир „Св.Прохор Пчински“. Според својата местоположба, изворот во Донибрук е најблискиот извор до Мелбурн, кој воедно е и првиот знаен минерален извор во државата.

Пред да го добие денешното име, оваа област која што се наоѓа на патека на автопатот Хјум (Hume Highway), кој што днеска го викаат Калкало (Kalkallo) била позната како Карпести Дупки за Вода, (Rocky Water Holes).  Ова место било првата локација за преноќување за оние кои патувале до Сиднеј преку копно, највеќе поради своите природни резерви со вода.

Порано постоеле две места кои ги викале Донибрук. На најпрвото името му било сменето од Rocky Water Holes во Донибрук во 1853 година, сигурно според Парохијата Донибрук (Donnybrook Parish) во Дублин. Она што постои и денеска е второто, кое што било создадено во 1872 година кога била отворена железничката линија. Оваа област го добила своето име според првиот Донибрук (на Hume Highway).  Двете места се во областа на Калкало, кое што било името на W.J.T. (“Big”) Clarke, име кое што се мисли дека доаѓа од Абориџинскиот збор за видовите на дрва во Австалија, bug trees или tomahawk.

Првите записи за неселување на оваа област датираат од 1840 година, особено од кога е и изградена првата крчма (хотел) Fountain Inn во 1842-та. Оваа крчма е  првата од седумнаесетте вакви градби во областа Донибрук. Една од нив имала и штала за околу 150 коњи. Популарноста на овој северно насочен пат особено се зголемила кога било откриено злато во Beechworth.

Во 1848 година била изградена Презвитеријанска црква „Св. Јован“, која што и денес постои и е дел од заштитеното национално наследство. Црквата во 1855 година била користена и како училиште, кое важело за второ во оваа област.

Врвот на популарноста Донибрук во овие рани години го достигнува многу брзо поради својата местоположба на главниот пат кон Сиднеј, што допринесло до изградба на цркви, заедно со неколку продавници за намирници, крчми (хотели), кланица, воденица за брашно(мелница) и кожара.

Железничката станица во Донибрук се наоѓа на Северно-источната железничка линија и има железнички премин на улицата Донибрук. Станицата во Донибрук била официјално отворена на 14 Октомври 1872 година, со една платформа на западната страна. Оваа станица била отворена неколку месеци порано како дел од Северно-Источната железница до Водонга.  Кога железничката линија се отвора, денешниот Донибрук го добива своето име, а две години подоцна оригиналниот Донибрук бил именуван Kalkallo. Трговијата и активноста драстично се намалила во Калкало со пренасочувањето на главниот сообраќај на железничката линија.

Во 1876 во текот на реката Merri Крик помеѓу Kalkallo и Донибрук е изграден и мостот од Син камен кој што и денеска постои и сведочи за  некогашното време.

Во 1882 година била отворена и втората платформа, на шините во две насоки не биле комплетирани уште неколку години.

Во 1888 година била отворена првата продавница (барака) за намирници.

Во 1900 година е изградена сегашната градба на станицата. Откако истата е изградена, не се забелезани некои други промени.

За време на Втората свеска војна на пространите пасишта во оваа област пасел многуброен добиток. Малку останува како сведоштво за тоа време, освено Калкало хотелот, заборавената Презверитеријанска црква изградена од син камен и мостот од ист градежан материјал, кои се заштитени и се заведени во Регистарот на Национални недвижности.

Кон крајот на 60-тите години, германскиот емигрант Аугуст Сатлер ја користел минералната вода за производство на газирани пијалоци. Тој го претворил дивиот предел околу Минералниот Извор на површина од 12.5 хектари во рекреативен центар. Тој изградил отворени скари, покриени куќички, неколку паркови за деца, продавница, тоалети, а за време на викендите биле организирани и други активности од типот на јавање на коњи итн. Многу од овие куќички и детски паркови и се зачувани и ден денес, што сведочи за популарноста на ова место, кое привлекувало луѓе од целата околина.

Во 2002 оваа област е купена од страна на Македонската Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд и од тогаш е позната како Македонски Православен Манастир „Св. Прохор Пчински“, кој претставува првиот жив Македонски Православен манастир во Австралија и во македонската дијаспора.

Во 1840-тите, бројот на населението во областа изнесува околу 400. Пописот на населението во 1911 година за Kalkallo и Донибрук покажал дека постои намалување на бројот на населението на 136 жители,  а веќе од 1954 година се забележува пораст, 224 жители, кој број со секој нареден попис се зголемува. А со новиот урбанистички план во кој областа Донибрук станала дел од метрополата на Мелбурн, во чиј план се изградба на над 40 000 домови, се очекува бројот на жителите да биде највисок од целата историја до сега.

 

Историја на Православниот Манастир
Св Прохор Пчински во Донибрук

Локација

Манстирот на Свети Прохор Пчински, е сместен на земјиште со површина од 12,5 акри. Се наоѓа помеѓу Merri Creek и железничката линија Сиднеј-Мелбурн, во областа наречена Донибрук (Donnybrook). Ова место уште е познато како “Donnybrook Mineral Springs”, бидејки овде се наоѓа и најстариот познат извор на минерална вода во државата Викторија. Уште пред 100 години ова било популарно излетничко место. Поради својата природна и недопрена убавина, овде се оджувале и многу културно – забавни активности, по кои истото подоцна се прославува. Многуброен народ од Мелбурн и околината, меѓу кои и многу Македонци, доаѓале овде со своите семејства на излети.

Неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар во 2002 го купува местото и станува сопственост на МПЦЕАНЗ, под управа на Парохиската Црква св.Петка во Мил Парк.

По утврдувањето на потребните правни документи, ова место официјално станува сопственост на МПЦЕАНЗ. Од оваа година па натаму ова место “Donnybrook Mineral Springs”на 130 Springs Rd, Donnybrook, 3064,станува познато како: Македонски Православен Духовен Центар – Манастир “Свети Прохор Пчински” Донибрук, и поранешното излетничко место “Donnybrook Mineral Springs” се претвора во духовен центар, кој станува централна точка за сите членови на православието, за да се собираат и ги прославуват духовните празници во идилата креирана од Бога, покрај прекрасната река и природниот извор.

 

Претворање на земјиштето од место за излети, во Манастир

Во времето кога излетничкото место станува сопственост на МПЦЕАНЗ, тоа било во запоставена состојба. Во меѓувреме, секојдневно се вложува труд за да се среди и прилагоди местото за манастирските потреби. Се донесуваат нови насипи на земја, се збогатува холтикултурата и веќе постоeчките  објекти во местото, почнуваат да се  приспособуваат за употреба. Еден од објектите е претворен во објект за Богослужби (параклис), кој е посветен на Св. Прохор Пчински.

На 31 Август 2002, Неговото Високо Пресвештенство г. Петар го осветува приспособениот храм за Богослужби и ја одржува првата Архиерејска Литургија. На Литургијата присуствувааат скоро сите свештеници од МПЦЕАНЗ и мноштво верници од Мелбурн и околината.

За прв старешина на манастирот е назначен Протојереј Тоне Гулев, а за домаќин е поставен чтецот Тоде Силјаноски, со одговорности да го чува и одржува местото.

 

Први Богослужби

Со посебна одлука на надлежниот Архиереј, Неговото Високо Преосвештенство г-дин Петар, направен е и првиот распоред за богослужење. Според кој, секоја Сабота и за големите празници свештениците од Мелбурн, секој по ред, треба да служат Литургија во манастирскиот параклис.

Во еден период поредовно,  манастирот го ослужувал и Протојереј Ставрофор Александар Спирковски. Ова била привремена одлука, се додека Неговото Високо Преосвештенство од Македонија не го повикал и првиот Игумен на манастирот, о. Гаврил (Галев).

 

Првиот Игумен на Манастирот Ст Прохор Пчински

Во Октомври 2005, Неговото Високо Преосвештенство го повикува игуменот Гаврил од Струмичката Епархија канонски бил поставен за игумен на овој манастир.

Со неговото доаѓање на 26 Јануари 2006 година, манастирот  свети Прохор Пчински станува првиот жив манастир на МПЦ – ОА во Дијаспората. Овој многу смел и храбар чекор носи и свои плодови. Од тој момент, Богослужбениот циклус се  менува и Литургија почнува да се служи секој ден. Ако порано за време на Неделната Литургија,пристсутвувале десетина верници, денес таа бројка достигнува и до стотина, од кои повеќето се млади и скоро сите редовно се исповедаат, постат и се причестуваат. После неговото доаѓање тој брзо станува една од омилените личности на македонското налесение и пошироко.Многумина сакаат да зборуват со него, да се исповедаат, а некои и да донираат за добра цел и манастирот станува духовно свратилиште на македонците на овие простори од цела Австралија.

Благодарејќи на неговиот современ пристап и соработката со многу организации, манастирот Св Прохор Пчински се претвора и во културно гнездо, каде што луѓе од сите возрасти работат заедно и се обидуваат да направат подобра средина за сите: за младите и за старите и за идните генерации што ќе дојдат. Полека и финансиската состојба на манастирот се подобрува, со што и самиот манастир материјално напредува. Во манастирот се одржуваат многубројни донаторски вечери, како за снабдување на извор на финансии за изградбата на манастирот, така и со цел да им се помогне на лица на кои им е потребни финансии за брза медицинска помош, овде, и надвор од Австралија, воедно се организираат и вечери за да им се помогне на оние кои се соочиле со природни непогоди (поплави, пожари итн).

По Божја промисла, денеска покрај себе, Игуменот Гаврил, има и тројца искушеници кои се трудат во патот на Господа. Дејноста на Игуменот Гаврил е од огромно значение за манастирот и македонската заедница.

 

Градба на Манастирска Црква во стар Византиски Стил

Со доаѓањето на о. Гаврил, Манастирот закрепна финансиски и и почна да напредува на физички (материјален) план. Откако се добија потребните документи за градба, се одобри архитектонскиот план, кој беше изработен во Македонија од познатата архитектка Викторија Поп Стефанија од Охрид. Овој план беше изработен според нашите стари Манстири во Македонија во византиски клаузоне стил.

Во Март 2006, се започна се започна со работата. Со консултација на Неговото високо Преосвештенство г-дин Петар се одлучи на 09.09. 2006 да се освети камен темелникот на новиот манастирски храм. Неговото Високо Преосвештенство, со игуменот Гаврил и скоро сето свештенство на МПЦЕАНЗ и гостинот од Македонија, професор др. Протојереј Ставрофор Јован Таковски, го освети камен темелникот на новиот храм на св. Прохор Пчински. На овој свечен чин присуствуваа претставници од државната власт и мноштво верен народ.
Денес манстирот е  изграден  до фаза карабина и треба да се постави уште кровот . Во Македонија се изработува мермерен иконостас, а во тек се преговори со двајца професионални иконописци од Македонија да ја живописат манастирската црква.

Предходно прилагодената просторија за Богослужби се преоуреди во скромен, но убав параклис украсен со квалитететн иконостас и нови икони. Покрај Параклисот се изгради и камбанарија со црковна продавничка.

Детска фарма

Манастирот полека си изградува животинско богатство со цел да направи една мала  фарма за деца. Моментално манастирот  во сопственост има  пони коњчиња, алпакерс, кучиња, мачиња, кокошки, гуски, папагали, гулаби, многубројни пауни итн. Секојдневно се садат нови дрва и цвеќиња. Манастирот расоплага со зелен парк и парк со лулашки за децата.

 Духовен центар

Иако манастирот сеуште не е завршен и дограден, тој е претворен во културен центар, не само за македонското население  во Австралија, туку и за локалното. Манастирот е место за духовен и душевен одмор, како на монасите во него, така и на верниците што го посетуваат. Воедно во манастирот се преземаат сите возможни мерки за да се зачува екологијата и природата во него. Мирот и монашката смиреност на ова место се едни од главните карактеристики што ги импресионираат посетителите. Помегу бројните активности и промени што се случија откако Црквата стана сопственик на ова земјиште се и следниве.

Моментални Активности

Главната материјална активност во манастирот е изградбата на манастирскта црква и конаците. Mанастирот е во завршна фаза од изградбата на црквата (храмот) во византиски (клуазоне) стил. Откако градбата целосно ќе биде завршена, во план е живописање на фрески во старо-македонски византиски стил. Конаците се во фаза на добивање на сите потребни раборни документи за нивна непречена градба.

 

 Литургиите во Манастирот

Литургијата е главен централен дел од севкупниот духовен живот. Бидејќи младите во Австралија, слабо, посебно најмладите, минимално, го знаат македонскиот јазик, заради успешноста на мисионреската порака, Игуменот Гаврил некои делови од Литургијата ја служи и на Англиски јазик, кој што е втор службен јазик во оваа Епархија. Евангелието се чита и на Македонски и на Англиски, воедно и дел од песните и моливите, а проповедта е на македонски јазик.

 

Исповед

Со редовното заседнување во манастирот, со проповедите и редовните контакти на о. Гаврил со верниците, се повеќе од нив почнаа редовно се исповедаат, да постат и се причестуваат.

 

Византиско Пеење

Во 2006 О. Тоне Гулев, ја одстапи младинската група MOYA, и хорот од црквата Св Петка во Мил Парк, за да му помогнат на о. Гаврил во неговиот почеток како Игумен во овој Манастир. Со макотрпна работа и труд о. Гаврил ја научи младинската група да го пее старото македонско пеење. Како резултат, и со време, сите редовни верници ја научија Литургијата и соборно ја пејат по тој напев.

Веронаука(Синаксис)

Од 2006 во манастирот се воведе и веронаука. Секој четврок со почеток од 8.00 навечер се чита акатист на Пресвета Богородица, а потоа во гостинската соба се собираат сите присутни на синаксис. Синаксисот се состои од два дела. Најпрво веронаука, на која о.Гаврил одржува предавање на некоја тема, а потоа се отвара дискусија на истата. Вториот дел од синаксисот е организационен, на кој се дискутира и организира за некоја престојна или мината активност.

 

Византиско – Иконописно Студио/Училиште Св Теофил Струмички

2009: Наследенето предание на византискиот иконопис во македонските манастири о. Гаврил  несебично го пренесе и на овие простори меѓу нашите. Со благослов на Неговото Високо Преосвештенство, Владиката Петар,во манастирот Св Прохор Пчински, Донибрук, Австралија во декември 2009, наследено од предание на Византиски Иконопис од Македонските Манастири, под инструкции на Игуменот Гаврил се основа Иконописната Школа, Св Теофил Струмички.

 Школата, а подоцна и студиото, го добива своето име по Св Теофил Струмички, кој бил исповедник за иконите во родната Македонија. Од тогаш студентите од ова атеље се воведени во светот на праксата и теоријата на античката Христијанска уметност од Византискиот период според Македонската Иконографска Школа. 

Изучувањето на ова дисциплина, не е основана само на техничката вештина. Туку взаемниот однос на раката, умот и срцето, сите споени во едно, ја водат самата личност на уметникот  над техничката умешност што е барана во повекето уметнички гранки. Ова изучување надминува се што е во рамките на стандардното и инициира раѓање на нова личност во самиот уметник. Рагање на принципи кои можеби одамна се заборавени. Така да, се надминува светот на четката и боите, и се преминува во светот на духовноста, преку чие изучување, воедно и проучување на  дисциплината и симболиката на оваа света уметност, се создаваат делата во ова студио. Како што и доликува на една света икона, се користат само природни материјали: дрвени даски, обложени со ленено платно и природен грунд, вистинско 23 каратно злато, нанесено на црвена глина, јајчена техника, земјени пигменти…

 Во ова ателје се следи методот на Охридската Школа на иконографија, која е толку карактеристична и уникатна.  Да се достигне тоа ниво на мајстворство, потребна е голема концентрација, изучување на житијата на светителите, а додека се применува оваа стара техника се изустува Исусовата молитва. Иако се цели да се достигне високата уметничка вештина на старите мајстори, сепак  делата што се резултат од оваа ателје, се одлика на фокусот и личната дисциплина на сите иконографи посебно и нивниот духовен раст. Во ова атеје веруваме дека Уметникот(иконограф), не ја менува иконата, туку таа го менува него.

Денеска, Иконописната Школа се претвори во иконописно студио, во кое се цртаат православни икони, пропратени со Исусовата молитва. До сега се направија две мошне успешни јавни практични презентации на вештините на византискиот иконопис. Едната во склоп на Culture Heretage Programe на City of Whittlesea во Thomastown library и другата како предметна настава на постипломските студии за конзервација на стари уметнични творби на Victoria University пред студенти од целиот свет. Воедно и неколку самостојни изложби во Мелбурн и неколку како дел од групни излозби со уметници од различни гранки.

 

МОYA, или Македонска православна младина на Австралија

МОYA, или Македонска православна младина на Австралија, која е формирана од младинската група при црквата света Петка во Мил Парк – Мелбурн својата дејност продолжи да ја врши во манастирот под духовно раководство на о. Гаврил. Тие секој Четврток се собираат на синаксис во манастирот, а организираат и други активности. До сега во организација на МОYA остварени се повеќе успешни активности, а најзначајни сеследниве:

  • Годишниот семинар, кој веќе шеста година редовно се одржува во манастирот.
  • Активности за нашиот верски и национален празник Илинден.
  • Организирање на пресентација на македонскта култура во склоп на редовната Heretige програма на општината City of Whitlessea.
  • Организирање на зимни патувања на планина (скијање, санкање или едноставно уживање во белата убавина).
  • Кино вечери и драмски престави
  • Активности за финансиска помош на манастирот.
  • Посети ан музеи и галерии(изложби) и др.

 

Работа со луге со Специјални потреби и Постари лица

Манастирот е дел од државен проект и соработува со MCWA (од 2008). Постојат и други организации кои соработуваат со манастирот.

 

Веб Страни

За поуспешна мисионерска работа под инструкции на о. Гаврил, се изградија и две современи веб страници, чиј уредник е тој самиот.  Едната од нив е www.mpceanz.org.au која е официјална веб страница на МПЦЕАНЗ, и ја претставува Епархијата. На оваа страна има духовен дел за верско образование на посетителите, се објавуваат активностите и дејноста на надлежниот Архиереј, а воедно ја информира јавноста за современите новостиво нашата Епархија. Другата веб страница е www.stprohor.org.au која е посветена на активностите во манастирот св. Прохор Пчински. И двете страници се редовно посетувани и читани.

 

Библиотека

Во манастирот на св. Прохор Пчински основана е и нова библиотека во која има духовна литература на македонски, англиски, србски, руски, бугарски, од која секој кој има желба  може да позајми книги за читање.

 

 Молитвен одмор

Покрај изворот во манастирот се направи и уште едно место за молитвен одмор и се постави голем крст, кој Неговото Високо Преосвештенство  го освети.

 

Слави на Манастирот

Главна слава на Манастирот е 28 Јануари, а истоа така почна редовно да се слави и денот на другиот спомен на св. Прохор, на 1 Ноември. Бидејки манастирот има и извор, редовно веќе шестта година по ред се организира и голема празнична Богослужба за Источен Петок илитија со молебен на изворот и потоа се дава вечера.

 

 Доброволци

Многубројните верници прават се што можат за да му помогнат на манастирот. Мажите работат доброволно и неуморно на градбата и одржувањето на манастирот. Жените организираат донаторски вечери за да обезбедат финансиска помош за градбата и одржувањето на манастирот, и помагаат во кујната и одржувањето на просториите. Додека пак младите, помагаат со одржувањето на дворот, градините и малиот параклис. Сите што помагаат во овој манастир се чувствуваат како дома, но над се, сите доагаат со надеж за духовниот раст, што може да се добие само во манастир.

 

 Финанскиска поддршка и донации

Градбата на манастирот е финансиски поддржана воглавно од доброволни донации. За одржување и изградба на манастирот, во манастирот редовно се организираат три големи манастирски излети. Во салата на манастирот, во соработка со други хуманитарни организации се организираатхуманитарни вечери.

Благодарение на донациите, се обновија и другите припратни објекти во манастирот.Воедно се обновува и збогатува растителниот и животински имот. Сега манастирот личи на мини зоолошка градина каде верниците можат заедно со с воите деца да се исполнуваат духовно и физички.

 

 Цел на Манастирот

Бидејќи живееме во време на брзо темпо и преголема духовна контамираност на живот. Во  светот постојано се соочуваме со секојдневни стресни ситуации. Манастирот се нуди,  како место во  кое секој може да се ослободи од своите секојдневни рутини и напнатост. Ретко место каде што ќе може современиот, од многу нешта обременет, човек да ја ослободи својата душа од сите тегоби и да се отвори пред Бога, дишејки од чистиот вештествен и духовен воздух во манастирот и духовно да се напојува со внатрешен мир и молитва кон Бога.

Особено е добро за младите родители, кои овде можат да ги запознаат своите деца со друг начин на живот, многу близок со оној во родната Македонија, опкружени цркви, манастири, природа, животни и Божјото присуство, сосема спротивен на секојдневниот затворен и од техниката заробен живот. Место каде ќе можат да ги подучуваат во традициите на своите предци на светата Православна Црква и ќе станат здрави и добри личности.

Главната цел на манастирот е да ги собира, утешува, крепи и преобразува луѓето. Господ да не благословиби ни даде да го прославуване Отецот и Синот и Светот Дух сега секогаш инво сите векови. Амин!

Со Божја помош, манастирот е потребно да продолжи со моменталните активности и да ги исполни следниве цели:

  • Завршување со градбата на манастирот, вклучувајќи ги и конаците и административните згради.
  • Редовни Богослужби
  • Духовно советување и помагање
  • Детска фарма
  • Сместување на оние на кои имаат потреба од духовни совети.

 

Секое добро направено во овој Манастир е со благослов и молитвена подршка на Неговото Високо Преосвештенство Митропилот г-дин Петар и со Божја помош.